Актерката и режисерка Анџелина Џоли пристигна во Венеција за филмскиот фестивал.

Џоли е ѕвездата на Maria, филм за последната година од животот на оперската певица Марија Калас, во 1977 година во Париз. Филмот е во режија на Пабло Лараин (Spencer, Jackie).

„Честопати, перцепцијата на другите луѓе за жената е таа што премногу дефинира која е и која била. Мислам дека Марија беше една од оние кои многу вредно работеа и не повредија никого“, изјави Џоли за Кало, на која јавноста и медиумите ѝ го припишаа епитетот „дива“.

Maria ќе има премиера на Венецискиот филмски фестивал, чие 81-во издание се одржува од 28 август до 7 септември 2024 година.