Андоновски: TikTok ќе се забрани ако некоја појава од инцидент прерасне во пракса

Ќе се пристапи кон забрана на TikTok ако некоја појава од инцидент прерасне во пракса. Ова го изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, прашан дали се разгледува забрана на платформата, на која најнов опасен предизвик за децата е оној со парацетамол.

„Ние имаме малку поразличен пристап, како што видовте со онлајн игрите на среќа. Кога е забележано дека тоа претставува проблем за поширок круг на граѓани, ние пристапуваме кон законски измени и кон забрана на пристапот на онлајн игрите на среќа коишто се нелегални. Истиот пристап ќе го имаме и кон овие апликации. Доколку забележиме дека тоа од инцидент станува редовна практика, како што стануваат нелегалните онлајн коцкарници, тогаш ќе пристапиме кон забрана. Но, не сакам да излегувам со различна изјава секоја недела и да го менувам ставот во зависност од тоа каков предизвик се појавил и на која социјална мрежа. Кога ќе видиме дека тоа прераснува во пракса, стои на располагање алатката за забрана“, рече Андоновски.

Тој беше дел од обележувањето на Денот на побезбеден интернет, што кај нас се одбележа прв пат денеска во ОУ „Димитар Македонски“ во скопската населба Лисиче. Министерот очекува учениците и нивните родители да го користат упатството што е доставено пред две недели во училиштата, кое треба да ги заштити најмладите од предизвиците на интернетот. Во таа насока рече дека упатството било споделено со сите училиштата и доставено до МОН и Педагошката служба. Тоа има два дела, од кој вториот е наменет за родителите, и е достапно за секој што е заинтересиран на веб-страницата и фејсбук-профилите на министерството.

Тагови
реклама

Македонија

ГП Богородица и Меџитлија се блокирани за влез и за излез

Read more

Денеска се празнува Свети Климент Охридски

Read more

Милошоски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Read more

Променливо време и температури до 14°C

Read more
 

Вести

Kyiv Post: Русија евидентира загинати војници како „дезертери“

Читај повеќе

Зошто министерот за војна Хегсет ја „смени песната“ за Трамп?

Читај повеќе

ГП Богородица и Меџитлија се блокирани за влез и за излез

Читај повеќе

Јапонија се повлекува од нуклеарниот проект во Виетнам

Читај повеќе

Белата куќа врши притисок врз Нетанјаху

Читај повеќе

ЕУ драстично ги заострува ограничувањата за мигрантите

Читај повеќе

Скопјанка измамена за 170.000 денари со повик за лажна сообраќајка

Читај повеќе

Денеска се празнува Свети Климент Охридски

Читај повеќе
  • filter

Студенти „светнаа“ две слики на мајсторот Мартиновски

Читај повеќе