Канаѓанката со романско потекло Бјанка Андреску во обраќањето до присутните на финалето на УС оОпен им се извини за победатата над домашната тенисерка Серена Вилијамс.
–Работев многу напорно за овој момент. Оваа година моите соништа се остварија. Добив можност да играм против Серена, вистинската легенда на спортот. Беше неверојатно, рече таа.
- Не беше лесно. Знам дека сакавте Серена да победи, па се извинувам. Серена има постигнато многу во минатото, таа е вистински шампион, а јас само се обидов да ја покажам мојата најдобра игра, изјави Андреску.
Деветнаесетгодишната Канаѓанка синоќа стигна до првиот трофеј на Грен слем турнирите.