Android алатка за Windows 11 инсталира Trojan малвер

Кога Microsoft конечно го додаде Android Subsystem за да ги активира Android апликациите, се појавија прблеми за голем број корисници.

На почетокот, за корисниците беше разочарувачки што Android Subsystem за Windows ја вклучуваше само Amazon App Store. Сепак, бидејќи Android не е тежок систем за имплементација на апликации од страна, некои програмери вложија малку труд за да овозможат Google Play Store да додава надворешни апликации.

За жал, ова доведе до една од најпопуларните алатки, наречена PowerShell Windows Toolbox, да има незгоден Trojan малициозен софтвер.

Алатката PowerShell Windows Toolbox има можност да направи некои модификации во системите Windows 10 или 11, да ги направи поефикасни, присилно да го оневозможи Windows Update, да го активира Microsoft Office, да инсталира Google Play за Android Subsystem и други функции.

Сепак, скриен во кодот на проектот е исто така скриен малициозен софтвер, кој го користи пристапот PowerShell за да инсталира малициозни екстензии за интернет прелистувачите. Дополнително, таа создава фолдер во коренот на Windows драјвот (што за повеќето корисници е C: \ со наслов „systemfile“), а алатката има дополнителна функција за преземање уште повеќе малициозен софтвер.

Интересното во врска со оваа алатка и скриениот малвер е тоа што е софтвер со отворен код, па им овозможи на другите да откријат малициозни потенцијали. Github во меѓувреме го отстрани проектот од своите сервери, а на корисниците им се советува да ги проверат изворите од кои доаѓа софтверот за кој се заинтересирани.

реклама

Џамија во Берлин развеа знаме со виножито

Read more

За власта новиот предлог ги содржи сите наши барања и забелешки, опозицијата излегува на протест

Read more

Што да правите ако ве касне змија?

Read more

Утрински секс: Зошто е уште подобар во лето?

Read more

Софтвер

Корисни опции во Windows 11 за кои можеби не сте знаеле

Read more

Опасниот BRATA Android малвер се шири низ Европа

Read more

Telegram достигна 700 милиони активни корисници и воведе претплата

Read more

Виџетот за сообраќај во близина наскоро доаѓа на Google Maps

Read more
 

Гик

Откриен чуден спирален објект кој се врти околу центарот на нашата галаксија

Читај повеќе

Досега мапирано речиси 25% од морското дно на Земјата

Читај повеќе

5 нови откритија за ѕвездите и галаксиите кои ни ги донесе Gaia

Читај повеќе

Научници од MIT предложија вселенски штит за „ладење“ на Земјата

Читај повеќе

Instagram ја продолжува борбата со TikTok: Секое видео станува Reel

Читај повеќе

Трагите од вонземски живот на Марс се веројатно повеќе од 2 метра под површината

Читај повеќе

Проституцијата и инфантицидот во древниот Рим

Читај повеќе

Археолози тврдат дека го нашле гробот на викингшкиот крал Синозабиот

Читај повеќе

Дали знаете колку ви е заштитен смартфонот од вода?

Читај повеќе