Android апликација ја тестира водоотпорноста на вашиот смартфон

Апликацијата што ја тестира отпорноста на смартфонот на вода е достапна во продавницата Google Play, а ја забележаа дечките од Android Police, кои велат дека апликацијата спаѓа во категоријата „кул работи што не сме знаеле дека може да ги направите со апликација“.

Water Resistance Tester го тестира интегритетот на IP67/IP68 рејтингот на вашиот Android телефон со пристапување до барометарот на уредот. Само преземете ја бесплатната апликација, следете ги упатствата и ќе добиете брза оценка дали вашиот смартфон го помина или го падна тестот. Едноставно е и практично, што е комбинација што ние гик бубалиците ја сакаме, објаснуваат од Android Police.

Инвеститорот Реј Ванг вели дека ја создал апликацијата за да им помогне на луѓето да ја проверат водоотпорноста на нивните уреди по поправките, бидејќи уредите откажуваат со тек на време. Очигледно е дека нема да ја земете „прелазната“ оценка „здраво за готово“ и да го фрлите телефонот во вода. Сепак, врз основа на повратните информации од корисниците на Reddit и рецензентите на Play Store, се чини дека апликацијата е сигурна. Galaxy Note 20 Ultra, оценет со IP68, првично го помина тестот, но кога ќе се отстрани слотот за SIM-картичката, потфрла. TCL 20 Pro 5G, кој нема IP рејтинг, исто така не помина.

Оваа апликација не е прва од ваков вид, но се чини дека некои од постојните апликации за тестирање отпорност на вода во Play Store се дизајнирани за постари телефони со различен стил на хидроизолација од оние што моментално се користат во телефоните и можно е сега да не работат точно, според рецензиите на корисниците.

Како и да е, се чини дека оваа нова апликација добро функционира и е бесплатна, ако му дадете бакшиш од 1 долар на програмерот да ја отстрани малата реклама на дното на екранот. Не е лоша цена за малку гик забава.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе