Android ќе ги „архивира“ апликациите за да ослободи меморија на уредот

Google развива алатка која ќе ви овозможи да „архивирате“ одредени апликации со цел да ослободите простор или меморија на уредот.

Google најави дека секоја апликација со опција за архивирање ќе овозможи делумно деинсталирање, па ќе се намали до 60 проценти без целосно да се отстрани од уредот.

Ова ќе го овозможи новиот APK (Android Package) што инаку овозможува апликацијата да работи на уредот. Архивираниот APK е многу помал и ги складира сите податоци додека корисникот не одлучи да ги врати, а потоа апликацијата се враќа во нејзината оригинална големина.

Функцијата ќе биде достапна за девелоперите со доаѓањето на Bundletool 1.10, но нема да биде оперативна додека Google не ја направи достапна за сите подоцна годинава.

Засега не е познато како функцијата ќе биде претставена на Android. Можно е да биде прикажана со опцијата за деинсталирање по долго притискање на иконата на апликацијата, но едно е сигурно, ќе биде корисно за секој што има инсталирано многу апликации на уредот што ретко или никогаш не ги користи, но сепак не сака да се откаже од нив.

На овој начин ќе можат да ги задржат, но во исто време да ослободат дополнителна меморија. Архивирањето и обновувањето на апликациите ќе биде побрз процес од повторно инсталирање, а потрошувачката на мобилни податоци исто така ќе биде помала кога Wi-Fi не е достапен.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на кориснициte

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе