Руската војска формираше единица составена од жени пилоти кои се обучени да ракуваат со стратешко нуклеарно оружје.

Владимир Путин ги претстави таканаречените Ангели на смртта, новодипломирани воени пилоти кои сега се дел од руските воздухопловни сили.
Жените пилоти беа претставени во текот на викендот на воената парада во Краснодар по квалификациите за Воениот авијациски колеџ Серов.
Според британските медиуми, кои тврдат дека имаат информации од Русија, новомобилизираните жени пилоти се обучуваат за користење стратешки нуклеарни бомбардери и транспортни авиони.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека женските пилоти ја продолжуваат големата традиција што жените пилоти ја имале некогаш во Советскиот Сојуз. Јосиф Сталин им дозволил на жените да управуваат со авиони и да се борат за време на Втората светска војна, а 23 од нив станале херои на Советскиот Сојуз.
„Вие сте референтна точка и пример за девојките кои ќе тргнат по вашите стапки“, им рекол Шојгу, а веднаш потоа почнале да се појавуваат критичари кои со потсмев тврдат дека овие „девојки наскоро ќе се омажат и ќе служат воен рок, ама на породилно отсуство.“
Шојгу годинава за пример за иднината ја избра првата кандидатка, Ана Шчебаркова од Перм, која првично беше одбиена. На парадата имаше 400 нови пилоти, меѓу кои и 16 жени, кои, како што пренесуваат медиумите, со задоволство ја завршија обуката и станаа дел од руските вооружени сили, славеа со фрлање цвеќиња и монети во воздух.
Кога ја започнаа својата петгодишна обука во 2017 година, на девојките им се обрати полковникот Олег Пчела, кој им објасни што значи да се биде пилот и кои се задачите пред нив.
„Девојките обично се многу романтични. Сепак, тие се многу мотивирани, што им овозможува успешно да управуваат со нашите авиони и да ги извршуваат задачите што им ги додели командата. Да се биде воен пилот е одговорна работа. Тоа е тешка професија која исто така бара високи морални вредности“, рече Пчела.