Ангеловска: Прифатени 8.330 приговори за домашната платежна картичка, се разгледуваат уште 245

Речиси сите приговори за домашната платежна картичка се проверени и се прифатени 18 проценти или 8.330. Лицата се додадени на kupuvamdomasno.gov.mk, банките се известени и ги печатат картичките, објави на својот профил на Facebook министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа прецизира дека од над 60.000 пристигнати пораки, 46.000 се приговори од граѓани кои сметале дека ги исполнуваат условите согласно поставените критериуми во групата. По извршените проверки од Управата за јавни приходи, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Министерството за образование и наука се прифатени вкупно 8.330 приговори. По категории: 4.893 млади лица 16 до 29 години, 752 невработени лица со низок доход,  2.685 вработени лица со низок доход. Вкупната финансиска поддршка која ќе биде доделена на овие лица преку нивните домашни платежни картички изнесува 29 милиони денари.

Според Ангеловска, остануваат за проверка уште 245 приговори од страна на Министерството за образование и наука и 506 приговори од Фондот за здравствено осигурување, кои треба наскоро да се завршат и усвоените приговори да се дадат за изработка на картички на банките.

-Средствата од #купувамдомашно картичките граѓаните може да ги користат до 15ти август во: хотели, одмаралишта, кампови и други објекти за сместување, туристички агенции и оператори, ресторани, достава и подготовка на храна и пијалоци, супермаркети, продавници за храна, пиљари, пекари, мебел, осветлување, производи за домаќинства, книжарници и продавници за книги, спортска опрема, продавници за облека, обувки, предмети од кожа, аптеки, фризерски салони и салони за убавина и други услужни дејности.  производите ќе ги најдете назначени на рафтовите, гондолите или со ознака „Купувам домашно”…, вели Ангеловска. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе