ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Англичаните и Американците одат во осминафинале

Фудбалерите на Англија и Соединетите Американски Држави се пласираа во осминафиналето на Светското првенство откако синоќа се одиграа натпреварите од третото коло од групната фаза.

Англија ја заврши групата Б на првото место со седум бодови. САД се втори со пет, Иран е трет со три, додека Велс освои само еден бод.

Синоќешното островско дерби ѝ припадна на Англија која победи со 3:0. Велшаните се чинеше дека веќе се простија од нокаут фазата, па од почетокот на натпреварот не беа на очекуваното ниво.

Иако првото полувреме го издржаа без примен гол, во вториот дел доживеаја катастрофа. Рашфорд доминираше, погодувајќи најпрво во 50. минута од слободен удар, а потоа во 68. минута по одлична соло акција зголеми на 3:0. Во меѓувреме гол постигна Фоден по асистенција на Кејн.

URL

Многу понеизвесен беше натпреварот меѓу САД и Иран. Американците на крајот остварија златна победа со голот на Пулишиќ по одлична акција во која учествуваше речиси целиот тим. Иранците до крајот на натпреварот не успеаја да постигнат гол со што ќе ги однесеше во второто коло, па турнирот за нив заврши синоќа.

URL

Познати се и првите два пара од осминафиналето на Светското првенство. Англија ќе игра со Сенегал и овој натпревар е закажан за в недела. Ден претходно САД ќе играат против Холандија.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more
 

Спорт

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе