Анистон откри како одржува совршена фигура во 50-тите: Ја следам методата 80/20

Џенифер Анистон зборуваше за својот феноменален изглед, за редовното вежбање и урамнотежена исхрана. Во интервју за списанието Allure, Анистон откри дека го следи методот 80/20 кога станува збор за здравјето и фитнесот.

„Треба да уживате во животот, без преголеми ограничувања – освен оние поврзани со тешки дроги. Тоа е мојот пристап 80/20. 80% од времето живеам здраво, а преостанатите 20% – уживајте во мартини, јадете пица или хамбургер, останете будни до доцна со пријателите, тоа е рамнотежа“, рече Анистон.

Исто така, актерката напомена дека вежба најмалку четири пати неделно.

„Кога работам, понекогаш можам да тренирам само два или три пати, но сепак вежбам, тоа е најважно“, додаде таа. Џенифер истакна дека тренинзите за сила се клучни за жените во 50-тите години.

„Ако изгубиме мускули, коските стануваат послаби и може да се појави остеопороза. Ако паднеме, лесно можеме да го скршиме колкот“, вели таа.

Покрај тоа што се посветува на физичкото здравје, Анистон еднакво внимание посветува и на менталното здравје.

„Мораме да ги сакаме нашите тела. Тие прават најдобро што можат. Тие се со нас од моментот кога сме родени и не можеме да бидеме премногу строги со нив“, рече таа. Актерката додаде дека на почетокот на кариерата имала проблеми со самодовербата, но дека со текот на времето ја сменила перспективата.

„Се разбира, сите ќе старееме, но како можеме да напредуваме како што старееме? Важно е на нашите тела да им го посветиме вниманието што го заслужуваат. Лично, јас ги сакав моите 30-ти, но моите 20-ти беа тежок период. Не ја разбирав важноста на вежбањето до моите 30-ти и 40-ти години“, истакна таа.

Кога станува збор за нејзиниот пристап кон менталното здравје, Џенифер има едноставно мото: „Сѐ што можете да направите е најдоброто што можете“.

Таа откри дека секое утро практикува медитација, а секоја ноќ пред спиење се истегнува. Сепак, призна дека имала навистина тешка врска со сонот во последните 10-15 години.

Целосното интервју за може да го погледнете тука.

реклама

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Read more

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Филм & ТВ

Роберт Патинсон откри кога почнува снимањето на The Batman Part II

Read more

Дру Баримор откри кој од нејзините колеги најдобро се бакнува

Read more

Швимер повика да се суспендира профилот на Канје на Х

Read more

Тоти и Дел Пјеро во новата реклама за Captain America: Brave New World

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Роберт Патинсон откри кога почнува снимањето на The Batman Part II

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Шакира ја започна својата турнеја со 13 комбинации: Светки, реси и проѕирен комбинезон

Читај повеќе

Дру Баримор откри кој од нејзините колеги најдобро се бакнува

Читај повеќе
  • play_arrow

Кендрик Ламар експлодира на Супербоул: Една песна ја доведе атмосферата до лудило

Читај повеќе

Швимер повика да се суспендира профилот на Канје на Х

Читај повеќе

Влатко Стефановски ја одбележува 50-годишнината од својата кариера во Филхармонијата во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тоти и Дел Пјеро во новата реклама за Captain America: Brave New World

Читај повеќе
  • play_arrow

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Читај повеќе
  • play_arrow

Лав Хјуит: Сите ги коментираа моите гради кога имав 16 години

Читај повеќе