Ансамблот Танец в четврток заминува на балканска турнеја

Ансамблот Танец в четврток ќе замине на балканска турнеја, со концерти во Подгорица, Љубљана, Загреб и Бања Лука.

На претстојните концерти во Подгорица (20 септември), Љубљана (22 септември), Загреб (24 септември) и Бања Лука (27 септември), на големите сцени на КИЦ „Будо Томовиќ“, „Цанкарјев дом“, „Ватрослав Лисински“ и салата „Борик“, ќе биде изведена раскошна музичко-сценска програма од различни периоди на ансамблот, во која ќе бидат одиграни изворните ора „Тешкото“, „Женско Чамче“ и „Копачка“, како и дел од богатиот кореографски опус на Танец – спектакуларните кореографии „Жетварка“, „Мариовска тресеница“, „Малешевка“ и „Радовишки собор“.

Секако, нема да изостане и богатата вокално-инструментална програма на оркестарот и хорот на Танец, заедно со првенката Сузана Спасовска, кои за публиката ќе исполнат повеќе антологиски песни од богатата ризница на македонскиот народ, како безвременските „Да сум бистра вода“, „Девојче, девојче“, „Седна баба да вечера“, „Лено, ле, Лено“, „Кирјана вино продава“, „Море сокол пие вода на Вардарот“ и многу други.

Турнејата е во рамките на јубилејната година на ансамблот, кога се прославува 75-годишнината од основањето и таа, како и останатите концерти во сезоната, се одвива под мотото „ТАНЕЦ – 75 ГОДИНИ МАКЕДОНСКИ КОД“.

Тагови
реклама
prostitute-pimping.jpg

Интересни факти за проституцијата што можеби не сте ги знаеле

Read more
Најсилниот тропски циклон се приближува кон Виетнам

Најсилниот тропски циклон се приближува кон Виетнам

Read more
„Casablanca“, 75 години од култниот холивудски класик

„Casablanca“, 75 години од култниот холивудски класик

Read more
Не ви пишуваат бившите, Facebook Messenger пак има проблеми

Не ви пишуваат бившите, Facebook Messenger пак има проблеми

Read more

Култура

Промоција на романот „Тирза“ и средба со холандскиот автор Арнон Грунберг

Read more

Во чест на Фросина Кулакова ќе се доделува стипендија за студирање мода

Read more

Градот е јавност # 2 дел  - Случајот Скопје 1945 - 2025

Read more

Недела на франкофонскиот филм од 23 до 30 јуни во Кинотека

Read more
 

Вести

Израел ги укина сите ограничувања за граѓаните

Читај повеќе

Иран: Подготвени сме да ги решиме разликите со Америка

Читај повеќе

Арсовска: Доставивме нови документи до Обвинителството со фалсификатите на Висар Ганиу

Читај повеќе

Трамп номиниран за Нобелова награда за мир за неговата улога во конфликтот меѓу Израел и Иран

Читај повеќе

Иран: Нема да го прекршиме прекинот на огнот освен ако Израел не го стори тоа

Читај повеќе

Нетанјаху му ветил на Трамп дека ќе се воздржи од понатамошни напади врз Иран

Читај повеќе

Во ударните термини на телевизиите најмногу се емитуваат серии

Читај повеќе

Работа од дома и ослободување на бремените жени препорача Владата поради топлотниот бран

Читај повеќе

Зошто е толку важен Ормускиот Проток? Ако Иран го затвори, цената на нафтата ќе скокне

Читај повеќе