Антиќ: МЗТ да сфати дека ова е тимски спорт и дека не е сам во лигата

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, одговори на заканите упатени од страна на МЗТ.

Перо Антиќ; фото: КФСМ

„МЗТ Скопје треба да сфати дека ова е тимски спорт и дека не е сам во лигата. Тоа е клуб со најдобри услови за работа и најдобри резултати последните години, тоа јас не можам да го негирам. Со години е единствен што нè претставува во меѓународните натпреварувања, а учеството во АБА лигата го сметам за многу важен елемент, во период кога Евролигата или ФИБА се недостижни за нас“, почнува претседателот во интервју за официјалната веб-страница на КФСМ во кое се осврна и на други теми.

„Мора да се знае дека во лигата постојат и Вардар и Академија ФМП и Пелистер и други, и кон сите треба да имаме ист однос. Сите да имаат исти обврски и исти привилегии. Федерацијата без клубови не може, клубовите без Федерација не можат. Тоа е јасно, и го кажав тоа уште кога ја презедов функцијата“.

МЗТ постави услов до КФСМ дека доколку за три дека не ги добие назад парите уплатени за котизација во вториот дел од сезоната, кој не се доигра пораки прогласениот предвремен крај, се закани дека ќе покрене кривична пријава проти Антиќ и Федерацијата.

„Жал ми е што луѓето од МЗТ така се однесуваат кон нас. Почнаа војна, не дојдоа ни на разговор. Од нас немаше ниеден одговор, односно било каква провокација кон клубот. Дури и тогаш кога за мене зборуваа дека не постојам и дека не сакаат никаква комуникација со Федерацијата. Сите што сме инволвирани, треба да знаеме дека кошарката не почнала од нас и дека таа ќе се игра и откако ќе си заминеме од функциите. Единствено што сакам, уште еднаш да нагласам, дека треба да работиме за општото добро, за доброто на македонската кошарка, за сите да имаме бенефит“, потенцира Антиќ.

„МЗТ ги има сите бенефиции како да ја освоил титулата, иако првенството не е ни 50% одиграно, ни според натпреварите, ни според периодот на играње. Не се поминати седум, туку речиси четири месеци и 17 кола. Прво сакаа да се добие шампион надвор од терен, па кога не добија поддршка, предложија да се доигра остатокот од сезоната. Тоа не е возможно бидејќи странските кошаркари не се во земјава и не постојат услови да се вратат. Побараа да се воведе дополнителен преоден рок, но тоа не беше возможно, токму бидејќи сите сме еднакви и не може правилата да се менуваат на кого како ќе му текне“, Антиќ ги открива условите кои ги поставувал клубот од Аеродром.

Очигледно превирањата помеѓу актуелниот шампион и Федерацијата ќе продолжат бидејќи ниту една страна засега не најавува попуштање. КФСМ му го одговори на МЗТ на барањето за поврат на уплатените средства, оценувајчи го барањето како неосновано. Целосниот одговор на Федерацијата до клубот може да се прочита тука.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе