Апанажа побарале 44 пратеници од минатиот собраниски состав

Доколку добие предлог од Владата за укинување на патните трошоци на сите избрани и именувани функционери, вклучувајќи ги и пратениците, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе достави предлог до пленумот за гласање. Но, вели Џафери, не очекува такво нешто, иако во јавноста некои пратеници најавуваа дека ќе се откажат од патните трошоци.

Според него, поединечно барање на пратеник или фунционер се коси со Уставот.

– Ако сакаат да доаѓаат со тротинет, ќе им обезбедам паркинг на пратениците, вели Џафери на брифинг со новинарите, додавајќи дека доколку функционерите сакаат да се откажат од службените возила нека одат на работа со тротинет.

Претседателот на Парламентот смета дека 120 пратеници се избрани од граѓаните и оти во јавноста се создава впечаток како пратениците да се злото од општеството и оти се лошо потекнува од Собранието и пратениците. Тој се согласува со новинарите дека треба да се доуредат законските одредби за да се одбегне секаква можност за злоупотреби.

– Сега не би сакал да констатирам што е можно, што не е можно. Пратениците си добиле мандат од граѓаните и си ги претставуваат граѓаните. Си има општи правила за функционирање на власта. Да се дорегулираат може да се дорегулираат, да се укинат не мислам дека треба да се укинат целосно, да се дорегулираат – да, но чекам конкретна акција како ќе биде понатаму. Лошо е што се создава слика дека сето зло во ова општетсво и во оваа држава потекнува од Собранието и од пратениците. Ако има таква перцепција и заклучок, тогаш консензуз да си направиме да седнеме да си го смениме системот и од парламентарна демократија да се претвориме во друг систем и да нема веќе такво зло во општеството, пратеници да немаме.  Посакувам владата да биде предлагач на таков предлог, рече подоцна во изјава за медиумите Џафери.

До Собранието барање за апанажа поднеле 44 пратеници од минатиот состав, а се уште трае рокот за поднесување барање за надомест по престанок на функција од поранешните министри.

Во однос на седница за избор на потпретседатели на Собранието, Џафери рече дека ќе ја свика само откако до него пратеничките групи ќе достават формален предлог.

За односот со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вели дека за разлика од минатиот состав, сега тие доаѓаат на координациите со претседателот на Собранието.

Во меѓувреме, се работи и на барање на алтернативен начин за одржување на седници во вонредни услови односно онлајн седници и комисии и гласање, но Џафери на брифингот рече дека за тоа ќе бидат потребни два до три месеци. Сега засега седниците ќе се одржуваат во салата со Купола, а гласовите ќе се бројат рачно.

– Алтернативната работа на Собранието секако врзано со пандемијата која што почна уште во март и по претпоставки за состојбата на есен според заклучоците на СЗО оваа состојба ќе потрае според последните проценки и следниве две години. Како претседател на Собранието обврзан сум да размислувам за функционалноста на Собранието и во редовна ситуација и во вонредна ситуација и затоа на првите средби на координација ја изнесов идејата за размислување по однос на алтернативните можности за работа на Собранието. За жал, таа идеја се искористи да се спинува како обид на мнозинството, на претседателот за да се одбегне редовната работа на Собранието и со тоа да се надополни недостигот можен на кворум и со тоа фактички од дома да можат да работат пратениците. Не, не е таа идејата, потенцираше Џафери.  

Основната идеја, според него, е Собранието да работи во нормални услови како што е пропишано, но факт е дека во овие три децении немаме пропишано работа на институцијата и функционирање на институцијата во вонредни услови.

– Пандемијата ни покажа дека е неопходно да се има предвид и алтернативна можност за работа во такви услови. Денеска е пандемија, утре може да биде друга причина за алтернативна работа на Собранието, задутре може да има трета причина - може да биде пожар, може да биде земјотрес, може да биде не знам што кое ќе предизвика вонредна состојба и во такви вонредни околности како ќе работи Собранието, кај ќе работи Собранието. Затоа викам дека алтернатива за функционалност на институцијата, за институцијата, за граѓаните треба да имаме, а не никако како што се обидува тоа да го пренесат и да го претстават како обид на мнозинството да се надополни можното немање кворум, потенцира Џафери.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more
 

Вести

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе