Апасиев: Наредната недела ќе поднесам кривични пријави за загрозување на сигурноста

Скопје, 16 септември 2020 (МИА) – Претседателот на Левица, Димитар Апасиев денеска бил повикан во Основното јавно обвинителство по три кривични пријави против него, под сомнеж за сторено кривично дело „ширење на расна, верска и етничка омраза и нетрпеливост“.

Тој по давање на исказот во ОЈО, во изјава за медиумите рече дека пријавители се Мерсиха Смаиловиќ, Тања Милевска и Хелсиншкиот комитет за човекови права, но и едно известување за сторено кривично дело од страна на МВР, кое, како што рече Апасиев, се однесува на два фејсбук статуса и една твитер објава.

– Симптоматично е што поканата ми беше доставена по полиција, наместо преку нормални канали на комуникација. Ова го сфаќам како форма на политички притисок врз мене бидејќи сега Левица станува фактор на политичката сцена. Пријавители се Мерсиха Смаиловиќ, Тања Милевска и Хелсиншкиот комитет за човекови права и едно известување за сторено наводно кривично дело од страна на МВР, се однесува на два фејсбук статуса и еден твитер статус, рече Апасиев.

Одбраната, како што соопшти, беше изложена, и најави дека наредната недела ќе поднесе кривични пријави против пријаветелките за загрозување на сигурноста, бидејќи во коментарите на неговите Фејсбук статуси имало закани по неговиот и по животот на неговото семејство.

– Очекуваме дека Обвинителството ажурно ќе постапи вака како што постапува за мене и во случаите кога во наредната недела, јас ќе поднесам кривични пријави за загрозување на сигурноста бидејќи во тие статуси, особено кај една од пријавителките, има закани по мојот живот и по животот на моето семејство. Очекувам Обвинителството да биде вака ефективно и за оние кои вечерта пукаа со калашникови и како оние што на секој втор збор се закануваат со војна особено од албанскиот политички националистички кампус, изјави Апасиев.

Тој очекува ОЈО да ја отфрли оваа кривична пријава, по што, како што најави, ќе следува контра пријава од негова страна.

– Во случај да продолжат со процесот, спремни сме процесот судски да го добиеме, па ако треба и до Стразбур, така што не очекувам дека ова ќе има реперкусии. Во поглед на тоа дека имам пратенички имунитет, ради колегијалност бидејќи предавам право, решив да не го користам пратеничкиот имунитет и во оваа фаза на постапката дадов исказ, а можев и да не дадам, нагласи Апасиев.

Во одговор на новинарско прашање, тој рече дека дури и по цена да биде „влечен по судови“ нема да престане со неговиот стил на изразување.

– Јас сум професор по право, ги знам мерките кога се надминати, кога не. Во ниту еден од моите ФБ статуси не постои надминување на прагот на толеранција, согласно судската пракса на Европскиот суд за човекови права. Согласно таа судска пракса, во едно демократско општество се дозволени говори кои не само што ќе скандализираат, не морам јас на сите да им се бендисувам, јас тоа го знам, така што нема да престанам, рече Апасиев.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе