Предлог-закон за дополнување на Законот за здравствената заштита

Апасиев во Собрание: Со овој закон, сиромашните ќе умираат, а богатите ќе се лечат

Собранието во попладневниот дел, во рамки на продолжението на 39-тата седница, дебатираше по повеќе предлог-закони, меѓу кои за новото задолжување од 100 милиони евра наменети за финансирање на мали и средни претпријатија, законските измени за регулирање на цените за лекување во приватните болници и Предлог-законот за одлагање на обврската за плаќање данок како услов за добивање земјоделски субвенции.

Заменик-претседателот на Собранието Горан Мисовски информираше дека расправата по овие точки е завршена, а гласањето ќе биде кога ќе се создадат услови за тоа.

Пратениците ја завршија дебатата по Предлог законот за гаранција на обврските по Финансискиот договор COVID-19 одговор на Северна Македонија – Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, наменет за финансирање на мали и средни претпријатија и средно пазарно капитализирани претпријатија, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, по скратена постапка.

Пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ, рече дека ова е второ задолжува во еден ден и запраша дали некој во Владата има план како овој долг ќе се враќа.

– Сите извештаи кои ги имаме од сите меѓународни реномирани институции кажуваат дека наглото задолжување без план и стопанство кое ќе не раздолжува, на среден рок оваа држава ќе има сериозни проблеми. Континуирано имаме зголемување акцизи, даноци, струјата ја покачивте. Каде се парите почитувани претставници од Владата. Секоја реформа ја правите со нови кредити, рече Пренџов.

Пратениците дебатираа и по Предлог-законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка. Пратениците од опозицијата реагираа дека ова законско решение е задоцнето, нецелосено и дека нема да им овозможи на сите граѓани да се лекуваат и во приватно и во јавно здравство.

Пратеникот Ненад Коциќ од СДСМ, рече дека борбата со корона кризата не е завршена и затоа треба да се донесе ова законско решение, посочувајќи дека треба да следиме што се случува во светот со нови мутации и сојови на вирусот.

Пратеничката Дафина Стојановска, од ВМРО-ДПМНЕ, посочи се работи за предлог за изедначување на цената на јавното и приватно здравство за ковид пациентите, што е сосема во ред, но дека на Комисијата за здравство предложиле преку комисиски амндмани да се дополни овој предлог и со нивните барања, со цел, како што рече, да им се излезе во пресрет на сите, а не само на побогатите граѓани.

– Филипче и пратениците од власта не прифатија да има рефундација на средства за лекување за сите ковид болни и бесплатни ПЦР тест и пациентите кои чекаат повеќе од 60 дена на листи на јавно здравство да може да ги добијат услугите во приватните по цена од јавно здраство. Со овој предлог закон, Филипче и пратениците од власта им помагаат само на побогатите грѓани, кои може да одлучат да се лекуваат во приватно здравство, изјави Стојановска.

Пратеникот Димитар Апасиев од Левица, рече дека законот е задоцнет и обвини дека власта дозволила граѓаните да се заодлжуваат и продаваат станови и куќи само за да може да се лекуваат.

–  Со овој закон, сиромашните ќе умираат, а богатите ќе се лечат. Оној што досега немал 12 илјади евра, се подразбира дека ќе нема ниту 6 илјади евра, рече Апасиев, додавајќи дека ќе гласаат воздржано за овој Предлог-закон.

Пратениците, исто така, дебатираа и за Предлог-законот за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка.

Пратеникот Панчо Минов, како првопотпишан предлагач на законот, рече дека станува збор за одлагање на обврската за даночни средства кои се наплаќаат преку УЈП за оваа година, а што е регулирано со Законот за земјоделство и која предвидува пред исплата на субвенции земјоделците да имаат исплатено закупнина и даноци.

– Упатуваме силна порака и верувам дека овој закон ќе се усвои едногласно. Ослободувајќи ги од обврска за плаќање на даночни средства за оваа година да им е овозможи исплата на субвенции за оваа година. Ова е особено во интерес на тутунарите, и сите земјоделци, рече Минов.

Тој, исто така, посочи дека овој закон во иднина треба и да се укине, за да биде во функција на непречено конкурирање и аплицирање на сите земјоделци за користење на средствата за финансиска поддршка на земјоделците.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе