Апликации кои ја поттикнуваат креативноста на децата

Иако возрасните често се бунтуваат кога децата минуваат подолго време пред екрани, технологијата има и свои предности, особено кога станува збор за поттикнување на креативноста кај најмалите.

Креативноста е ментален процес кој вклучува создавање нови идеи или решенија за проблеми, како и врска меѓу новите и постојните идеи и поими.

Токму оваа вештина е потребно да се развива кај децата од најрана возраст. Поттикнувањето на креативноста долгорочно ќе се исплати бидејќи креативните луѓе се посамоуверени, похрабри, позрели, имаат смисла за хумор, ги извршуваат задачите до крај и се многу независни за разлика од другите.

Постојат неколку апликации кои можат да помогнат во развојот на детската креативност, а ова се дел од нив. Бесплатни се и се достапни за iOS и Android.

1. Brain Games Kids

Едноставна апликација која нуди 12 различни игри, од сложувалки до судоку и игри на меморија.

2. Toontastic

Ако вашето дете почнало да учи англиски, а сака и приказни, оваа апликација е идеална за него. Со помош на оваа апликација детето може да измисли цела приказна која може да се темели на претходно прочитани книги. Може да креира свои ликови, да го смисли целото дејство, да го сними сопствениот глас и да го претвори сето тоа во анимирано видео.

3. Magic Piano

За оние дечиња кои сакаат музика и сакаат да свират на пијано оваа апликација е одлична за нив. Ќе учат за тоновите и музиката низ игра.

Може да се контролира темпото и ритамот, да одберете ниво на сложеност, различни жанрови и инструменти. Апликацијата не е насочена само кон класичната музика туку нуди можности за поттикнување дополнителен интерес кај децата.

4. MoMa Art Lab

Со помош на оваа апликација децата ќе учат за боите и основните геометриски форми, а според тоа ќе создаваат свои ликовни дела. Оваа апликација е одлична за помалите деца.

5. Sketch

За поголемите дечиња е идеална апликацијата Sketch, која е еден вид социјална мрежа за делење на создадените дела. Секој ден се дава нова задача на одредена тема, па така овде може да се најдат совети за цртање или сликање на буквално сè.

Тоа што е добро кај оваа апликација е што се црта на хартија со различни бои, темперни боички, водени боички, туш или пенкало, а потоа може цртежот да го фотографирате и да го пренесете на апликацијата за да биде споделен со останатите.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Интернет

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе