Апликации што мора да ги избришете – ја крадат Facebook лозинката

Откриени се нови девет Android апликации кои изгледаат како сите други, а крадат податоци, како и вашата лозинка за Facebook.

Google објави девет апликации за Android од PlayStore кои заедно имаат повеќе од 5,8 милиони преземања.

Причината за таквата одлука е што истражувачите откриле дека тие содржат малвер што краде податоци и лозинката на корисникот за Facebook профилот.

Овие малициозни апликации се направени така што изгледаат и функционираат како легитимни сервиси за обработка на слики, за вежбање, чистење на меморијата на вашиот уред, дневен хороскоп и слично, укажува руската компанија за антивирусен софтвер Dr.Web. Реалноста е дека тие се внимателно дизајнирани да ги измамат корисниците кои потоа несвесно би ги споделиле со нив личните податоци и лозинката.

Сите овие апликации им нудат на корисниците можност за отклучување на сите функции, како и можност за отстранување на рекламите во нив и тоа само доколку корисникот се најавува на профилот на Facebook преку апликацијата. Бидејќи многу сервиси нудат можност да креираат ваш профил со најавување со вашиот профил на Facebook, навистина не е изненадувачки што оваа измама не била забележана претходно. Откако корисникот ќе избере да се логира на тој начин, апликацијата ќе отвори легитимна страница за најавување на Facebook која има две полиња за внесување лозинка и корисничко име.

Во тој момент, сè што ќе напише корисник во тие полиња, се исппраќа до компјутер контролиран од хакерите, наречен command-and-control сервер, а сето тоа е овозможено со паметен, скриен и малициозен код, истакнуваат истражувачите на Dr.Web. Откриле десет тројанци во тие апликации, од кои девет апликации биле достапни во продавницата на Google Play.

Двете апликации што се користат за обработка на фотографии имаат далеку најмногу преземања, PIP Photo има над 5 милиони инсталирања, Processing Photo 500.000, додека три апликации имаат повеќе од 100.000 преземања. Ако имате преземено некоја од овие апликации, препорачливо е да ги промените вашите информации за најавување на социјалната мрежа Facebook што е можно поскоро, како и на другите онлајн профили што ги имате, особено ако ги користите истите информации за најавување (што не треба да го правите).

Processing Photo

PIP Photo

Rubbish Cleaner

App Lock Keep

App Lock Manager

Lockit Master

Horoscope Pi

Horoscope Daily

Inwell Fitness

Сите девет апликации се отстранети од продавницата за апликации Play Store во овој момент, а портпаролот на Google за Ars Technica изјави дека програмерите што стојат зад овие апликации повеќе нема да можат да аплицираат нивните апликации да бидат достапни во продавницата.

Тагови
реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Софтвер

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more

Microsoft ја укинува поддршката за Android апликациите на Windows

Read more

Apple казнет со 1,8 милијарди евра за кршење на правилата за стриминг

Read more

Корисниците на Windows 11 сега можат да ги користат мобилните како веб камери

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе