Мобилни

Apple ќе ги претстави и моделите iPhone 9 и 9 Plus

18. март 2020 - 13:41 | М.С.

Се чини дека компанијата Apple не планира да го претстави само iPhone 9 (или iPhone SE 2) туку и iPhone 9 Plus.

Кај оперативниот систем на Apple, iOS 14 содржи наговестување за новата верзија на претстојниот смартфон. За iPhone 9 се зборува веќе поголго време, а се очекува дека ќе се појави овој месец. Меѓутоа, информациите за Plus моделот се новина.

Имајќи предвид дека iPhone 9 може да го замени iPhone 8, во тој случај има смисла дека ќе го добиеме наследникот на iPhone 8 Plus.

Се шпекулира дека основната цена на овие модели ќе биде 399 долари и ќе биде поевтина алтернатива на iPhone 11 чијшто основен модел чини 699 долари, односно iPhone 11 Pro за кој е потребно да се издвојат најмалку 999 долари.

И двата уреда имаат А13 Bionic чип, процесор кој се наоѓа и во iPhone 11 и 11 Pro. Oд друга страна, iPhone 12 би требало да има побрз процесор – А14.

Освен тоа, iPhone 9 ќе има 4,5-инчен LCD екран, додека 5,5-инчниот ќе биде дел од iPhone Plus.

Apple би требало да ги претстави новите уреди овој месец, а засега не е познато дали тоа ќе се случи поради пандемијата со коронавирус.

Коментирај