Apple забележа огромен раст на кварталните приходи од 54 отсто

Американскиот технолошки гигант Apple оствари раст на вкупните приходи во кварталот јануари-март 2021 година од 54 проценти во споредба со истиот период минатата година, и значително поголема добивка отколку што очекуваа трговците на Волстрит.

Акциите на Apple се зголемија за повеќе од 4% во продолженото тргување во еден момент по објавувањето на деловниот извештај, објави CNBC.

Двоцифрен пораст на продажбата бележат сите категории производи на Apple, со неговиот најважен производ, смартфонот iPhone, кој забележа скок на приходите од продажба за 65,5% во споредба со претходната година.

Продажбата на компјутери се зголеми за 70,1% додека на iPod – за речиси 79% на годишно ниво.

Компанијата соопшти дека ќе ја зголеми дивидендата за 7%, на 0,22 долара по акција и одобри купување на сопствени акции во вредност од 90 милијарди долари, далеку над минатогодишните 50 милијарди и 75 милијарди во 2019 година.

Вкупните приходи во првите три месеци од оваа година достигнаа 89,58 милијарди долари, што е за 53,7% повеќе од минатата година, додека актерите на пазарот предвидоа дека тие ќе изнесуваат 77,36 милијарди.

Приходите од продажба на Ајфон изнесуваа 47,94 милијарди долари, продажбите на Mac компјутери – 9,10 милијарди долари, а приходите на iPod беа 7,80 милијарди долари.

Продажбата на други услуги изнесуваше 16,90 милијарди долари, додека продажбата на други производи беше 7,83 милијарди долари.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе