ФИФА РАНГ-ЛИСТА ЈУЛИ 2024

Аргентина и натаму прва, Шпанија во топ 3 на новата ранг-листа на ФИФА

Филип Здравески
/ 18.07.2024 / 11:12

Новите континентални шампиони Аргентина и Шпанија, заедно со втората Франција, ја сочинуваат најдобрата тројка на јулското рангирање на ФИФА.

Аргентина ја одбрани титулата на Копа Америка и го задржа првото место на ранг-листата на ФИФА, додавајќи нови 41,34 поени на своето конто.

По бледиот настао на ЕУРО, Франција остана на второто место, но додаде само 17,44 поени, па прашање на време е кога ќе падне.

На третото место се искачи новиот европски шампион Шпанија, која со 7 победи од исто толку натпревари убедливо триумфираше на Стариот континент. Шпанците на своето конто додадоа дури 105,75 поени и сега ги делат само уште 19 до второто место на Французите.

Европскиот финалист Англија го презеде 4. место од бледиот Бразил, кој разочара на Копа Америка. Белгија излезе од топ 5. Во првите 10 се уште и Холандија, Португалија, Колумбија и Италија. Само Колумбијците се нови во најдобрите 10, а ги заменија Хрватите, кои апсолутно потфрлија на ЕУРО.

Македонија не беше активна изминатиов период, па не доби ниту изгуби поени, но назадуваше едно место бидејќи Грузија забележа скок освојувајќи 22,5 поени благодарение на победата над Португалија и ремито со Чешка на ЕУРО. Македонија сега е на 72. место, а Грузија е 70-та.

Македонската репрезентација од септември ја чекаат предизвици во новата сезона од Лигата на нации. Според јулскиот ранкинг, вака изгледа поредокот во нашата група од Лигата Ц:

  72. Македонија 1348,63
  97. Ерменија 1230,79
137. Латвија 1095,98
138. Фарски острови 1093,7

Најголем скок од дури 17 места оствари Венецуела, која стигна до четвртфиналето на Копа Америка каде на пенали загуби од Канада. Претходно во групата ги доби сите три натпревари (Еквадор, Мексико и Јамајка). Венецуела сега е на 17-тото место.

Најмногу падна Чешка, дури 13 места, и сега е на 47. место. Чешка на ЕУРО имаше скор од 2 пораза (Португалија и Турција) и едно реми (Грузија), без победа.

Најмногу поени освои европскиот шампион Шпанија, 105,75, а најмногу загуби Самоа, 44,09, која на Купот на нациите (првенство на Океанија) ги загуби сите натпревари (Тахити, Фиџи, Папуа Нова Гвинеја). Самоа е на 192. место, паѓајќи 11 места.

На ранг-листата на ФИФА има вкупно 210 репрезентации, а последна е Сан Марино со 739,64 поени. Без рејтинг е Еритреја, поради неактивност.

реклама
tigar.jpg

За прв пат во 100 години порасна бројот на тигри во природата

Read more
Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Read more
Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Read more
Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Read more

Фудбал

Парадокс на Итихад: Вториот најдобар стрелец на Сити не ни игра за Граѓаните

Read more

Одреден е датумот на жрепката за плејофот за СП – Македонија е блиску до место во баражот

Read more

„Протекоа“ информации од клубот: Холанд догодина во Реал Мадрид?

Read more

Роналдо откри зошто не беше на погребот на Жота

Read more
 

Спорт

Парадокс на Итихад: Вториот најдобар стрелец на Сити не ни игра за Граѓаните

Читај повеќе

Познато е кој ќе игра во НБА Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги уништи Вориорс, одигра уште еден феноменален меч

Читај повеќе

Албанската одбојкарска федерација бара од бразилска репрезентативка да докаже дека е жена

Читај повеќе

Одреден е датумот на жрепката за плејофот за СП – Македонија е блиску до место во баражот

Читај повеќе

„Протекоа“ информации од клубот: Холанд догодина во Реал Мадрид?

Читај повеќе

Роналдо откри зошто не беше на погребот на Жота

Читај повеќе

Скандал го тресе турскиот фудбал: Притвор за 17 судии

Читај повеќе

Еден месец ги чини 40.000 евра – клубот го моли Депај да го напушти хотелот

Читај повеќе