Хотел што се гради во Катар ќе може да ротира околу својата оска и да произведува електрична енергија.
Хотелот исто така ќе користи дождовница за производство на енергија. Покривот на хотелот ќе собира дождовница што ќе се користи за рециклирање вода.
Покрај необичната форма, хотелот ќе има еколошки функции и карактеристики: лебдејќи над водата ќе може да ротира околу својата оска и да произведува електрична енергија.
Неговата изградба започна минатата година, а неговото завршување се предвидува до 2025 година. Целта на овој проект е да го минимизира влијанието врз еколошката рамнотежа по принципот на минимална загуба на енергија и нула отпад.
Ротацијата не е доволна
Експертите на проектот работат и на тоа луѓето да не добиваат вртоглавица од ротацијата, чиј целосен циклус ќе трае 24 часа. За да може хотелот да биде ефикасен и во постојана ротација, тој ќе мора да биде во рамките на областа со континуирани струи.
Само ротацијата нема да ја произведе целата енергија потребна за управување со хотелот, така што покрај генерирање хидроенергија, дизајнот на хотелот вклучува 55 вертикални турбини на ветер кои ќе произведуваат електрична енергија и ќе служат како чадор. Хотелот исто така ќе користи дождовница за производство на енергија.