Архитектура на иднината: Како треба да изгледа една „зелена“ зграда?

Зелена зграда е многу, многу повеќе од неколку саксии зеленило на балконите.

Архитектурата што може да се види во Сингапур е еден од најдобрите начини да се претстави што треба да биде задолжително, за да може една градба да биде во склад со принципите на одржливото градење, како начин на зачувување на животната средина и со тоа да се забават климатските промени.

Зелената архитектура на Сингапур е најдобро претставена во две згради кои, со својот дизајн и еколошки елементи, имаат перспектива да го трасираат патот за сите идни подвизи на одржлива архитектура на иднината и за иднината.

Двете зелени згради во Сингапур беа дизајнирани за два сосема различни типа на намени, и покрај тоа што нивната конструкција се засноваше на истите принципи на одржливост и создава врска помеѓу природата и архитектурата.

Фасцинантна, интересна, величествена, футуристичка ... Архитектурата во Сингапур има многу атрибути, но една од нив честопати е сосема неочекувано заборавена, иако треба да биде на прво место - одржлива. Оваа островска град-држава лоцирана во југоисточна Азија, во своите футуристички и раскошни градби додава елемент на одржливост и, колку што е можно, ја нагласува врската помеѓу екстериерот и ентериерот, поврзувајќи ја архитектурата со хортикултурата, создавајќи на тој начин нераскинлива врска помеѓу градежништвото и екологијата.

Две зелени згради во Сингапур се пример за тоа како одржливите градежни елементи можат да се вметнат во градежните проекти, без оглед на намената на идниот објект, што ќе ја направи зградата и спектакуларна, и одржлива.

Robinson Tower беше отворена во 2019 година, а нејзината примарна цел е деловно-комерцијална. Зградата е создадена според визионерскиот проект на Kohn Pedersen Fox Associates.

Зградата, чие официјално име е 18 Robinson, се смета за нов скапоцен камен и архитектонска круна на Сингапур, особено со оглед на фактот дека зградата е во согласност со исклучително строгите закони на Сингапур со кои се бара новите проекти да вклучуваат зелени површини еднакви на оние што се отстранети, за да може зградата воопшто да биде изградена.

„Дизајнот на 18 Robinson опфаќа уникатни услови кои го дефинираат урбаниот, еколошкиот и културниот контекст на современ Сингапур“, објаснуваат од Kohn Pedersen Fox Associates.

Проектот е создаден на раскрсницата на две прометни улици во форма на буквата V, што беше целосно искористено во планот на подот на зградата за да се создадат два простори - кристална канцелариска кула што лебди и подиум за малопродажба. Визуелноста на оваа зграда се базира и на големи површини на стази погодни за вегетација, а затворената градина лоцирана на врвот на зградата е отворена за јавноста.

Просторот се шири на 20 ката кои се првенствено за деловна намена, со поглед на познатото сингапурско пристаниште.

Сингапурскиот Parkroyal е дизајниран во 2007 година и реализиран во 2013 година. Проектот е создаден од архитектите на WOHA Architects, а главната намена на зградата е да биде хотел.

Проектот, како што оддава и на прв поглед, е инспириран од природата на Сингапур, која ја репродуцира во сите можни форми и на сите можни начини. Дизајнот претежно се темели на имитација на скалестите локални оризови полиња, со акцент на тропските градини лоцирани на самиот врв на зградата.

WOHA Architects во својот проект оддадоа почит на вегетацијата на Сингапур, а вклучија и водопади кои се целосно самоодржливи бидејќи се потпираат на честите тропски дождови кои ја наводнуваат хотелската вегетација преку систем „капка по капка“.

„Дизајниран како хотел и канцеларија во градина, проектот на улица Upper Pickering исто така е студија за тоа како не само да го зачуваме нашето зеленило во центарот на градот, туку и да го размножиме на начин што е архитектонски впечатлив, интегриран и одржлив“, велат од WOHA Architects.

Remote video URL
Тагови
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Архитектура

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе

Зошто не треба да спиете со мокра коса?

Читај повеќе
  • filter

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Читај повеќе

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Читај повеќе

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Читај повеќе