Американскиот актер Арми Хамер се пријави во Центар за лекување и рехабилитација на Флорида поради зависност од дрога, алкохол и секс неколку месеци по обвинувањата на неговите бивши партнерки дека е садист и канибал.
Според пишувањето на Vanity Fair, Хамер ја контактирал поранешната сопруга Елизабет Чемберс кон крајот на мај порачувајќи дека е подготвен да побара помош, односно дека е подготвен да остане во Центарот колку и да е потребно.
„На 31 мај Хамер се пријави во Центар на Флорида со поддршка од неговото семејство и семејството Чемберс. Таму се наоѓа веќе една недела“, тврди извор за Vanity Fair.
Близок пријател на семејството вели дека актерот е одлучен во намерата да се избори со зависностите и дека здравјето и семејството му се на прво место.
Полицијата во Лос Анџелес на 3 февруари против него отвори истрага за силување, неколку поранешни девојки претходно го обвинија за садизам и фантазии за канибализам, а Холивуд му го сврти грбот поради шокантните обвиненија.