Фудбал

Арсенал ја продолжи серијата од девет средби без пораз и три меча без примен гол

21. февруари 2020 - 9:13 | МИА/КАЈГАНА

Арсенал синоќа на гостински терен го совлада Олимпијакос (1:0) во првиот натпревар од 1/16 финалето на Лигата на Европа благодарение на голот на Александр Лаказет. Па така, лондонскиот клуб ја продолжи серијата без пораз на девет натпревари.

По назначувањето на Микел Артета за главен тренер, тимот загуби само еднаш на 11 средби и тоа во декември од Челси со 1:2.

По тој пораз „Топчиите“ ги победија: Манчестер Јунајтед, Лидс, Борнмут, Њукасл и Олимпијакос, а нерешено одиграа со Кристал Палас, Шефилд Јунајтед, Челси и Барнли.

Воедно, Арсенал е во серија од три меча без примен гол, за првпат по 11 месеци. 

Коментирај