Арсовска: Ако јас сум кума на хаосот, Мицкоски е гробарот на јавниот превоз

„Реформата на јавниот сообраќај која ја споменуваш ‘патриоту’ Мицкоски, ти ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа реформа, ти го колабираш со своите полтрони советници јавниот превоз“, реагира градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Самопрогласенаата ‘реформаторка’ на јавниот сообраќај, повторно успеа да го доведе Скопје на раб на колапс. Неспособната Арсовска која е и кума на хаосот со јавниот превоз глуми загриженост за проблемите што сама ги создаде, додека граѓаните, се сведени на улога на пасивни спонзори на проектот ‘Како да се троши без отчетност’“, истакнуваат во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски, ти не гласаш за нови автобуси затоа што побарав сите партии во советот на Град Скопје да се вклучат во избор на спецификација и услови за набавка, ама така ти ‘патриоту’ Мицкоски нема да можеш да преговараш со производители на автобуси како што правеше на почетокот на мандатот кога за тебе бев најдобриот менаџер во Европа.

Ајде ‘патриоту’ Мицкоски одлучи се, или сум јас најдобриот менаџер во Европа кој ТИ со твоите мицковистички полтрони во советот го саботираш, или сум најлошиот градоначалник кој е ТВОЈ избор, градоначалник кој ТИ го молеше да го поддржиш на избори бидејќи твоите кандидати не ти се допаѓаа и не ти биле доволно градски луѓе.

‘Патриоту’ Мицкоски, сè што разбра јавноста за тебе во овие изминати години е дека не може да ти се верува, исто како за враќање на името на Македонија, исто како за уставобранителите, исто како и за набавката за нафта за ЈСП која преку твојата директорка Богева ја поништи, за да креираш криза од која сега ќе не спасуваш!“, се додава во реакцијата на Данела Арсовска.

реклама

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Меси ќе го продолжи договорот со Интер за следната сезона да се врати во Барса

Read more

Најидеалниот спорт за секој хороскопски знак: Астрологијата знае во која активност блескате

Read more

Пет предупредувачки знаци дека јадете премногу јаглехидрати

Read more

Македонија

ДУИ: Кога ВМРО-ДПМНЕ и олигархијата врескаат за криминал, се обидуваат да прикријат етничка неправда

Read more

Субвенции за санација на постоечки и поставување на нови лифтови во зградите во Карпош

Read more

Времен прекин во работењето на системот е-Даноци, соопшти УЈП

Read more

Дел од Општина Карпош денеска без вода

Read more
 

Вести

Над 1.000 затвореници се приклучуваат на напорите за гаснење пожари во Калифорнија

Читај повеќе

Глумците пеат на сцената на МНТ

Читај повеќе

ДУИ: Кога ВМРО-ДПМНЕ и олигархијата врескаат за криминал, се обидуваат да прикријат етничка неправда

Читај повеќе

Исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери, пронајдена почината

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Субвенции за санација на постоечки и поставување на нови лифтови во зградите во Карпош

Читај повеќе

Времен прекин во работењето на системот е-Даноци, соопшти УЈП

Читај повеќе

Aлбанија лани ја посетиле рекорден број туристи

Читај повеќе

Претседателот на Иран: Никогаш немавме намера да го убиеме Доналд Трамп

Читај повеќе