Арсовска: Откривме луѓе трајно иселени во Германија дека земаат плата од „Комунална“

Некои од комуналците, кои останале без работа откако Косана Мазнева е директорка на ЈП „Комунална хигиена“, со години се иселени од Македонија, но сè уште секој месец добивале плати од ЈП „Комунална хигиена“, вели градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во одбрана на директорката против која викендов вработените се кренаа на бунт, па ѓубрето остана на улиците.

Двете денес излегоа на прес-конференција, на која се обидуваа да објаснат дека вината за несобраното ѓубре е кај вработените во „Комунална“, а не во лошото менаџирање со јавното претпријатие.

„Ние откривме луѓе што се во Германија пет години, трајно се иселени и возат камиони, а примале плата. Сериозни се овие работи. Вие сите на 40 степени сте дојдени да ја работите професионално вашата работа, а некој во Германија си ужива и чека џепарлак да му дојде секој први, до 10-15 во месецот, за да земе пари од тоа што е пријавен во некое јавно претпријатие. Мора да се расчисти со овие работи“, рече градоначалничката Арсовска.

Таа ги искара сите што не го поздравиле обидот на директорката да расчисти со партиските војници вработени во јавното претпријатие.

„Наместо да излезат и да го поздрават тоа што првпат по 30 години независност некој се осмели да расчисти со партиски војници и вработувања, да расчисти со тоа да немаме нефер однос кон граѓаните, да расчисти со тоа и оние луѓе што чесно си заработуваат во ‘Комунална хигиена’ да не бидат омаловажувани и да не бидат третирани на начин на кој се третирани бидејќи некој друг ја зема истата плата, а не се појавил ниту еден час во текот на овие изминати години и години. Ако тргнете и ако го отворите случајот, по име и презиме ќе знаете кој точно од кога е пријавен и не се појавува на работното место“, објаснуваше градоначалничката Арсовска.

Вработените во „Комунална“ викендов се кренаа на бунт и не го собираа сметот откога директорката не им ги продолжила договорите за работа на неколкумина, а истовремено не ги примала на состанок синдикалните претставници, кои бараат зголемување на платите, исплата на К15 и бенефициран стаж.

Денес, Синдикатот соопшти дека вечерва ќе се вратат на работа, а вработените ќе продолжат да го искажуваат револтот на друг начин, преку легитимни процедури, кои нема да бидат на штета на граѓаните.

Неколкумина градоначалници на скопски општини синоќа се организираа и сами почнаа да го собираат ѓубрето, но депонијата „Дрисла“ не дозволи влез на камионите, па дел од ѓубрето ноќеска беше истурено во близина на затворената капија на депонијата.

реклама

Македонија

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Read more

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

Read more

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Read more

Нови детали од истрагата за пожарот во „Пулс“

Read more
 

Вести

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Читај повеќе
  • filter

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор бран израелски напади, „обезглавено“ иранското воено раководство

Читај повеќе
  • filter

„Чиста петка“ од прилепската публика за „Слепци“ на Турски театар  - Скопје

Читај повеќе

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Читај повеќе

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавени снимки од експлозиите во нуклеарниот комплекс на Иран

Читај повеќе

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Читај повеќе

Нови детали од истрагата за пожарот во „Пулс“

Читај повеќе