Артета: Не ме споредувајте со Пеп

Предводникот на Арсенал смета дека сѐ уште е рано да го споредуваат со Пеп Гуардиола кој има постигнато премногу во однос на него.

Микел Артета ги отфрли тврдењата дека тој и Френк Лампард можат да бидат наредните Жузеп Гуардиола и Јирген Клоп. Токму Артета и Лампард в сабота ќе се сретнат во финалето од ФА Купот надевајќи се дека ќе дојдат до првиот трофеј во своите тренерски кариери.

„И двајцата сме млади, двајцата се трудиме да си го пронајдеме вистинското место, така да не би сакал да ме споредуваат со Пеп, ниту пак со Клоп“, вели Артета.

Потоа се осврна и на својот противник со кого утре од 18:30 часот на „Вембли“ го чека важна пресметка.

„Френк како играч беше класа. Мислам дека тоа што можеше да игра на врвно ниво долг период и тоа на така важна позиција во голем клуб покажува колку само беше неверојатен. Како тренер, после Дерби Каунти покажа дека е амбициозен и го поседува оној прав начин за охрабрување на играчите“.

Како играч Артета двапати го освои ФА Купот, исто така со Арсенал. Триумф утре ќе биде значаен чекор напред во неговата кариера.

„Освојувањето титули го разработува моторот на тимот. Генерира моменти кога заеднички правите нешто кое буди емоции. Ги зближува сите, создавате спомени, има многу работи во освојувањето трофеј кои се толку многу позитивни за тимот, а кога се наоѓате среде процес на создавање на тимот дури и е премногу важен настан. Пред нас е огромна шанса, па ајде да ја искористиме“, завршува баскискиот стратег.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе