Асанж не можеше да се сети како се вика и колку години има пред судот во Лондон

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж делуваше збунето на неговото прво сослушување пред судот во Лондон денеска и се чинеше дека се мачи да се сети како се вика и колку години има.

Асанж (48), кој помина седум години во амбасадата на Еквадор во Лондон пред да биде изваден оттаму во април годинава, се соочува со 18 обвиненија во САД, вклучувајќи заговарање за хакирање владини компјутери и кршење на законот за шпионажа.

Ако биде осуден може да добие затворска казна од неколку децении.

Денеска се појави пред судот во рамките на постапката за негова екстрадиција во САД со поинаков имиџ - избричен, без долгата брада што ја имаше последниот пат кога беше виден во јавност во мај, кога беше осуден на 50 недели затвор за непојавување пред суд.

Светските медиуми јавуваат дека Асанж пркосно кренал тупаница кон неговите поддржувачи кои седеле во галеријата на судницата за да го видат нивниот херој.

Според медиумите, тој изгледал слаб, но здрав, зборувал „многу благо и на моменти се чинел уморен и збунет“.

Асанж и неговиот правен тим не успеаја да ја убедат судијката Ванеса Барајтсер дека е оправдано тримесечно одложување на и онака бавниот процес.

Откако судијката одбила да го одложи процесот, Асанж со нервозен глас рекол дека не ги разбира процедурите пред судот.

Тој исто така рекол дека неговиот случај „не е фер“ затоа што американската Влада има „неограничени ресурси“, додека тој нема лесен пристап ниту до адвокати ниту до документите што му се потребни за да се бори против екстрадицијата.

„Тие ги имаат сите предности“, рекол Асанж, кого САД го бараат поради објавување десетици илјади тајни владини документи преку Викиликс.

Американските власти го обвинуваат Асанж за заговор со поранешната аналитичарка на воената разузнавачка служба на САД Челси Менинг за упад во компјутер со доверливи податоци во Пентагон. Обвинението беше објавено на 11 април, откако Асанж беше уапсен претходно истиот ден во еквадорската Амбасада во Лондон, во која се засолни во 2012 година за да не биде екстрадиран во Шведска под обвинение за сексуален напад.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе