AstraZeneca почна тестирања со терапија со антитела

Британската фармацевтска компанија AstraZeneca соопшти дека почна тестирања со терапија со синтетички антитела за превенција и третман на COVID-19, придружувајќи се во напорите во потрага по ефикасен лек за оваа болест.

Компанијата AstraZeneca, што во моментов спроведува клиничко испитување на вакцина против новиот коронавирус, соопшти дека раната фаза на тестирање AZD7442, комбинација на две моноклонални тела, има за цел да ја утврди безбедноста на овој лек.

Во оваа фаза се вклучени 48 здрави доброволци од Велика Британија, на возраст од 18 и 55 години.

Доколку оваа фаза покаже позитивни резултати, AstraZeneca ќе продолжи со натамошни студии за да се утврди ефикасноста на AZD7442 во спречување на инфекција од COVID-19, како и во лекување на пациенти кои веќе се заболени од новиот коронавирус.

AZD7442 е комбинација на две лабораториски произведени моноклонални антитела кои имитираат природни антитела произведени од човечкото тело и во моментов се користи за лекување на некои видови на карцином.

AstraZeneca во јуни доби 23,7 милиони долари од американските владини агенции за подобрување на терапијата со антитела за лекување од COVID-19.

Оваа терапија во моментов ја тестираат и американските компании Regeneron Pharmaceuticals и Eli Lilly and Company.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе