Од AstraZeneca во вторник објавија дека нивната терапија со моноклонски антитела AZD7442 не помогна во превенција на болеста COVID-19 кај луѓе кои биле изложени на коронавирусот.
Компанијата соопшти дека во истражувањето учествуваа невакцинирани лица постари од 18 години кои биле во контакт со заразено лице во последните 8 дена.
Споредувајќи го со плацебо, AZD7442 го намали ризикот од развој на симптоми на коронавирусот за 33 отсто што статистички не е многу значајно, објави компанијата.
AstraZeneca го испитува лекот и кај пациенти кои претходно биле заразени.