Астро симпатии: Бикот привлекува Јарци, Рибите се магнети за Лавови

Некои хороскопски знаци едноставно повеќе се привлекуваат од останатите.

Тоа што некому сте привлечни не значи дека треба да бидете со таа личност, ниту пак взаемната привлечност гарантира компатибилност како партнери.

Проверете кои знаци најмногу ги привлекувате според Вашиот хороскопски знак, па одлучете дали личност со тие карактеристики може да биде вашата „сродна душа“.

ОВЕН

Овните природно ги привлекуваат Раковите бидејќи тие копнеат за заштита и сигурност која Овните знаат да ја пружаат. Исто така ги привлекуваат Вагите бидејќи одлично ги надополнуваат, а со Стрелците се привлекуваат заемно како два огнени знаци, но брзо „прегоруваат“.

БИК

Биковите ги привлекуваат Лавовите бидејќи овие огнени партнери сакаат внимание кое приземјените Бикови го даваат со широко отворени раце. Вагите исто така ги сакаат Биковите поради заедничката љубов кон убавото. Со Јарците имаат заемна привлечност бидејќи си ја поткрепуваат стабилноста.

БЛИЗНАЦИ

Лавовите природно гравитираат кон Близнаците бидејќи и едните и другите сакаат драма. И Девиците ги сакаат Близнаците бидејќи со нив можат да остварат посебна комуникација. Стрелците ги сакаат за да влегуваат во авантури со нив, но тие врски ретко траат долго.

РАК

Скорпиите се луди по Раковите бидејќи лесно можат да ја „искористат“ нивната емоционалност и да сковаат врска. Тука се и Јарците кои се целосна спротвност на Раковите, но токму тоа и им недостига. Рибите како воден знак имаат многу заеднички работи со Раковите и се нивниот „безбеден избор“.

ЛАВ

Вагите ги сакаат Лавовите бидејќи и тие се приврзани партнери кои уживаат во романтични изненадувања. Скорпиите се привлечени кон Лавовите бидејќи сакаат страстни врски, но Лавовите ретко „паѓаат“ на нивната мистериозност и повлеченост. На Рибите им се привлечни поради нивната креативност и самоувереност.

ДЕВИЦА

Бикот и Јарецот се природни партнери на Девицата бидејќи станува збор за земјеи знаци со слични карактерни особини. Сепак, Девиците често „паѓаат“ на Риби бидејќи нивните дијаметрално спротивни карактери се како магнет за нив.

ВАГА

Ракот ги обожава смиреноста и негуваноста кај Вагата, а токму тоа ги привлекува и Биковите. Вагите пак, најчесто ќе го прифатат предлогот на Водолиите кои се повеќе од доволно авангардни за нив.

СКОРПИЈА

Раковите се восхитуваат на животната енергија на Скорпијата, исто како и Биковите. Рибите, пак, се магепсани од мистичноста на Скорпијата.

СТРЕЛЕЦ

Близнаците и Водолиите ги сакаат Стрелците поради нивната авантуристичка природа, додека Рибите се затрескуваат во нив поради интересот кон философијата и мистичната страна на животот. Стрелецот, пак, по многуте авантури завршува со поприземјени партнери.

ЈАРЕЦ

Родените во знакот на Бикот веднаш ќе се припијат до Јарците, привлечени од нивната приземјеност која им е заедничка карактеристика која ја бараат и во партнерите. Ракот е привлечен кон Јарецот поради големата можност за формирање долготрајна и силна врска. Девиците ги сакаат поради нивната организираност.

ВОДОЛИЈА

Близнаците и Лавовите лесно се затрескуваат во Водолиите поради нивниот необичен пристап кон животот, а Скорпиите просто мора да проверат дали се помистериозни од нив.

РИБИ

Лавовите во Рибите наоѓаат животни музи, а Девиците не можат да им одолеат бидејќи им даваат креативен и послободен поглед на животот. Скорпиите и Рибите може да постигнат речиси магична поврзаност ако знаат како да си удоволат едни на други.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе