Астронаутите од МВС се вратија на Земјата по 196 дена во вселената
Астронаут на НАСА и двајца руски космонаути се вратија на Земјата со леталото Soyuz MS-16, откако минаа 196 дена на Меѓународната вселенска станица.
Астронаутот Крис Касиди и космонаутите Анатолиј Иванишин и Иван Вагнер слетаа утринава во Казахстан. Враќањето мина без проблеми, под надзор на руската вселенска агенција Роскосмос. Тројцата астронаути се во добра состојба, а по слетувањето се прегледани од доктори.
Церемонијата на пречекот е значително поскромна, со цел максимално да се смали ризикот од зараза и ширење на коронавирусот.