Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак поради повреда на рамото ќе мора да оди на операција, така што ќе отсуствува од тимот најмалку три месеци.
Словенецот се повреди на натпреварот против Виљареал, во финишот на полувремето, кога со лоша интервенција му овозможи на Дос Сантос да го постигне вториот гол.
Облак оваа сезона во Примера остана несовладан на седум од 15-те натпревари, според прогнозите тој поради повредата ќе ги пропушти осминафиналните натпревари со Баер Леверкузен во Лигата на шампионите.
Инаку, Атлетико во првенството победи на само две од последните седум средби поради што на табелата се наоѓа на шестото место со дури 12 бодови помалку од лидерот Реал.
Тимот на Симеоне во наредното коло ќе го пречека Лас Палмас.