Фудбал
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Атлетико го победи шампионот, Холанд фантастичен против ПСЖ

19. февруари 2020 - 8:02 | МИА/КАЈГАНА

Атлетико Мадрид победи со 1:0 против Ливерпул во првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите, одигран на стадионот „Ванда Метрополитано“.

Единствениот гол беше дело на Саул Њигес во 4. минута.

За сите 90 минути, европскиот шампион не успеа да упати ниту еден прецизен удар кон Јан Облак, додека Шпанците имаа добра шанса за втор погодок, но не ја искористија.

Реваншот на „Енфилд“ ќе се одигра на 11 март.

Борусија Дортмунд пак оствари победа од 2:1 над ПСЖ во првиот судир од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Домаќините на „Зигнал Идуна Парк“ запишаа вреден успех, а јунак на вечерта повторно беше детето-чудо Ерлинг Браут Холанд, кој ги постигна двата гола за германскиот тим во 69-та и 77-та минута.

Сепак, Нејмар постигна вреден гол на гостински терен за „Светците“, што го остава францускиот шампион во игра за реванш-дуелот на „Парк де Пренс“.

Коментирај