АТП го објави календарот – сезоната продолжува на 14 август

МИА/КАЈГАНА
/ 17.06.2020 / 19:04

Асоцијацијата на професионални тенисери (АТП) го објави новиот календар за 2020 година според кој тениската сезона би требало да продолжи на 14 август.

Тенисот, како и останатите спортови ширум светот, беше паузиран во март среде брзото ширење на пандемијата со коронавирусот, а според новиот календар објавен денеска, тениската сезона треба да се обнови на 14 август во Вашингтон.

Тоа ќе биде првиот турнир, а потоа е планиран Мастерсот во Синсинати на 22 август, со таа измена што со оглед на тоа дека овој турнир ќе се игра во Њујорк, УС Опен ќе почека до 31 август.

Комплетниот распоред за 2020 се очекува да биде објавен во средината на јули.

URL
Сè уште не се знае дали ќе има публика на Ролан Гарос

Отвореното првенство на Франција во тенис е одложено за уште една недела и ќе се одржи од 27 септември до 11 октомври, потврдија организаторите на турнирот.

Квалификациите ќе се одвиваат од 21 до 25 септември. Грен слем турнирот во Париз првично беше закажан за мај и јуни, но беше одложен за 20 септември поради пандемијата со коронавирус.

Дали ќе им се дозволи пристап на навивачите сè уште не е јасно, но организаторите на Ролан Гарос соопштија дека ќе работат со француската влада за да се обезбеди безбедноста на сите присутни.

Серена Вилијамс потврди дека ќе игра на УС Опен

Седумкратната шампионка Серена Вилијамс потврди дека ќе се натпреварува на годинашниот УС Опен.

– Навистина не можам да дочекам да се вратам во Њујорк и да играм на Отвореното првенство на САД во 2020 година, рече Вилијамс во видеопораката објавена за време на прес-конференцијата на Американската тениска асоцијација.

На неа се потврди дека Грен слем турнирот ќе се одржи од 31 август до 13 септември без навивачи.

– Мислам дека Американската федерација ќе заврши навистина добра работа и ќе организира сè неверојатно и сите ќе бидат безбедни, рече 38-годишната Вилијамс.

Американката има освоено 23 Грен слем титули во сингл, а во последните две сезони загуби во финалето на УС Опен.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе