Audi го претстави концептот Activesphere кој се трансформира во пикап

Audi го претстави концептот Activesphere кој дава визија за мобилноста во иднината на германската компанија.

Audi наведува дека станува збор за луксузно купе кое се трансформира во пикап. Богат е со висока технологја и идеи кои веројатно во блиска иднина ќе дочекаат нивна интеграција во сериските автомобили.

Remote video URL

Концептот ги комбинира стилот на Audi Sportback и AllRoad моделите во целосно електрично возило слично на SUV. Има воздушно подвозје со адаптивни амортизери.

Кога возилото е во офроуд мод, крилцата на 22-инчните фелни се отвораат за да ја оптимизираат вентилацијата, додека во возење по улица се затвораат со цел да пружат што подобра аеродинаимка.

Задниот прозор е функционален и се движи во рамнина со кровот за да се создаде простор за товар. Дел од задната маска се спушта за да креира врата за багажникот. Моторизираната преграда се отвора кога се користи просторот за товар, а служи за оддвојување на внатрешноста.

Во кабината се наоѓаат четири седишта. Кога автомобилот е во автономен режим, арматурната плоча, управувачот и педалите исчезнуваат. Се чини како седиштата да „лебдат во кабината”, а споени се со централна конзола која обезбедува греење и ладење.

Посебно внимание привлекуваат AR сетовите за главите на возачот и патниците, кои овозможуваат приказ на виртуелни содржини како контролни панели, информациски екрани и многу други содржини.

Audi го има развиено концептот на Premium Platform Electric платформата во соработка со Porsche. Оваа платформа ја користат различни возила, а концептот има два електрични мотори кои испорачуваат 242 КС и 720 Nm. Батеријата има капацитет од 100 kW.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Концепти

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more

Тркала што се вртат за 90 степени: Дали новата технологија ќе ви користи?

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе