Audi се откажува од уште еден легендарен модел

После A1 и Q2, уште еден модел го губи своето место во линијата на Audi.

Електрификацијата наголемо е почната во автомобилската индустрија, а групацијата Volkswagen влезе во поголема брзина на тој план.

Во опкружување во кое повеќето производители сакаат да ја достигнат, па и да ја престигнат Tesla, и Audi мора да држи чекор, а тоа значи подготвеност за големи промени. Целта на Audi е јасна, а тоа е до 2027 година да понуди електричен модел во секој сегмент.

Audi „на струја“ не отиде под нивото на Q4 e-tron, а сега призна дека мора да оди уште подолу. Volkswagen веќе ги има ID.3, ID.4, а го најави и ID.2, па лесно може да се заклучи во која насока ќе оди Audi. И додека името Golf би можело да опстане, неговиот пандан во палетата на Audi лесно може да излезе од активната листа на модели.

Судејќи според најавите, Audi создава нов EV модел со компактни димензии, што значи дека нема место за А3. Барем не за новата генерација.

„Неодамна решивме да лансираме дополнителен електричен модел под Audi Q4 e-tron“, рече извршниот директор Маркус Дузман на годишната прес-конференција на Audi.

Ако се додадат информациите до кои дојде британски Autocar, а кои велат дека новиот влезен електричен модел ќе се нуди како компакт и седан со четири врати, работите стануваат јасни. Се зборува и за нова платформа зад кодното име Project Trinity, на која треба да се базира новиот модел.

Да потсетиме, платформата позната како SSP (Scalable Systems Platform) е опишана со домет од 700 км и моќност на полнење од 270 kW, што би било значително подобро од конкуренцијата. Истото ќе го користи и новиот Volkswagen во лимузинско издание. Да додадеме дека доаѓа и Q6 e-tron. Тоа ќе биде првото Audi на новата платформа Premium Platform Electric (PPE).

Да се ​​вратиме на А3. Доколку Audi одлучи да го задржи името, новиот модел ќе биде првиот А3 што нема погон на предните тркала од лансирањето на првата генерација во 1996 година. Autocar оди понатаму и предвидува S и RS изданија, каде второто со погон на сите тркала сигурно би имало подобри перформанси од сегашниот бензински мотор со пет цилиндри. Тој дури ја споменува и можноста за спринт до 100 км/час за значително помалку од 3,8 секунди.

Тагови
реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Read more

Како се снимаше Lord of the Rings

Read more

Авто новости

Topolino е најмалиот електричен автомобил на FIAT

Read more

Citroën го претстави хибридниот C5 Aircross

Read more

Светски рекорд: Електричен автомобил помина 2000 километри без застанување

Read more

Пресметката е јасна: Еуро 7 ги поскапува автомобилите за 2.000 евра

Read more
 

Автомобили

Topolino е најмалиот електричен автомобил на FIAT

Читај повеќе
  • filter

Citroën го претстави хибридниот C5 Aircross

Читај повеќе
  • play_arrow

Светски рекорд: Електричен автомобил помина 2000 километри без застанување

Читај повеќе

Пресметката е јасна: Еуро 7 ги поскапува автомобилите за 2.000 евра

Читај повеќе

Што означуваат зелените ленти што се појавија на патиштата во Словенија?

Читај повеќе

Tesla Model Y е најпродаван автомобил во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Читај повеќе

Загадувањето од гумите е голем проблем - која е алтернативата?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Aston Martin го претставува DB12 – разочарување на повеќе полиња

Читај повеќе