„Аудиција СЕГА“ го објави првото барање до Министерството за култура

Александра Спасеска
/ 13.04.2022 / 12:34

Иницијативата на невработени театарџии во Р.С. Македонија „Аудиција СЕГА“, преку социјалните мрежи ја известува јавноста за следните чекори кои планира да ги преземе.

Од денеска и во наредните пет дена, „Аудиција СЕГА“ ќе ги објавува главните барања на Иницијативата.

Денеска го објави првото барање и сподели што беше одлучено на средбата со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска:

„Претставниците на ‘Аудиција СЕГА!’, во која членуваат невработени актери, режисери, драматурзи, продуценти и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на средбата се договорија Министерството за култура да формира работна група составена од професори од државни и приватни факултети и академии, членови на СКРМ, националните театри и центрите за култура за изготвување стратегија за отворање нови работни места, поголема транспарентност и креирање електронска база на дипломирани театарски работници.“

Потсетуваме дека на одржаната средба, претставниците на Иницијативата со министерката ја отвориле и темата по барањето за вработување на најмалку 60 проценти од дипломираните кадри. Било договорено Иницијативата да се вклучи во процесот на изготвување на следниот Годишен конкурс во делот на ревидирање на критериумите и приоритетите за бодување и оценување на проектите.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе