Авантурата наречена Red Bull Can You Make It? 2024 е во полн ек!

На 21 мај, од две различни европски метрополи (Амстердам и Барселона), тимовите „Rodeo“ и „Fake It Till You Make It“, македонските претставници на Red Bull Can You Make It 2024? го стартуваа своето животно патување!

До 28 мај, тимовите „Rodeo“ и „Fake It Till You Make It“ ќе се обидат да стигнат до крајната цел - Берлин без новчаник и мобилен, користејќи ја единствено Red Bull лименката како валута.

Но, тоа не е сѐ! Петар, Марко и Павел, екипажот на тимот „Rodeo“ и Ирис, Клаудиa и Мелани, членови на тимот „Fake It Till You Make It“ ќе мораат да посетат минимум 6 контролни пунктови, распределени во различни европски градови, поделени во две категории: Checkpoint Challenges и Adventure Challenges. Зошто? Затоа што овие предизвици носат бодови, а победник е оној тим што ќе собере најмногу бодови, а не оној што ќе стигне прв до крајната цел!

За подобро, појасно и подетално разбирање на концептот на Red Bull Can You Make It?, македонскиот дописник на Red Bull, директно од централата на Red Bull Can You Make It? во Берлин, ни сподели неколку интересни моменти и предизвици со кои се соочија двата тима кои изминативе денови се дел од Топ 25 рангирани тимови!

 

Еве што се случуваше последниве два дена во таборот на тимот „Rodeo“.

Тимот „Rodeo“ ја стартуваше Red Bull Can You Make It? авантурата од Амстердам, Холандија каде не се задржаа повеќе од неколку часа. Од таму се упатија накај Ротердам каде го имаа првиот предизвик - спуштање од висока зграда (колку може да е висока во Холандија) со јажиња за карпа.

Следната дестинација, по грешка, им беше патување со автобус до Брисел, а мислејќи дека е за Антверп во Белгија. Во Брисел тимот успеа да смени Red Bull лименки за 2 Big Mac оброци и 4 Cheesburger-и од McDonald’s и воедно добија покана да преспијат кај другарот што им го купил оброкoт. После добриот одмор, следна дестинација за тим „Rodeo“ е… дознај повеќе на официјалната веб страна на Red Bull Can You Make It? (линк).

А, еве што се случуваше со вториот македонски тим - „Fake It Till You Make It!“.

Го стартуваа патувањето од Барселона, Шпанија и после 3-4 часа барајќи некој да им купи карта за Марсеј, Франција конечно најдоа една жена што во замена за една Red Bull лименка им купи три автобуски карти за Марсеј. Планот бил да се спие во автобус, но девојките не успеаја во реализација на истиот. Откако стигнале во Марсеј, прва работа која ја направиле е отишле до хотел каде во замена за 3 Red Bull лименки и една Red Bull капа добиле соба каде одмориле неколку часа.

По одморот, следно на агендата беше првиот предизвик во Марсеј - рачно правење на сапун + уште неколку интересни предизвици, како шишање и слично. Следната дестинација за тимот “Fake It Till You Make It“ можете да ја најдете на официјалната веб страна на Red Bull Can You Make It? (линк).

Следете ги македонските тимови и нивните предизвици, промени во генералниот пласман и останатите адреналински настани ексклузивно на официјалната веб страна на Red Bull Can You Make It? (линк)

Стискаме палци за среќа!
реклама

Русите тврдат дека Украинците имаат нова тактика: Слушаме мјаукање, но не чека смрт

Read more

Трамп: Бајден ми остави инспиративно писмо на мојата маса

Read more

Спанаќ за само 10 минути

Read more

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Read more

Живот

На која температура е најдобро е да се пере постелнината?

Read more

Работи што никогаш не треба да ѝ ги правите на вашата мачка

Read more

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Read more

Денеска е најдепресивниот ден во годината: Зошто е избран третиот понеделник во јануари?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Автомобили против 20 тони челик

Читај повеќе

На која температура е најдобро е да се пере постелнината?

Читај повеќе

Спанаќ за само 10 минути

Читај повеќе

Очите се одличен показател за здравјето, можат да укажат на бројни болести

Читај повеќе

Пет работи што треба да ги направите за подобро ниво на шеќер во крвта

Читај повеќе

Работи што никогаш не треба да ѝ ги правите на вашата мачка

Читај повеќе
  • filter

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Читај повеќе
  • play_arrow

Замена на улоги

Читај повеќе
  • filter

Ќерката на Трамп на свечена вечера во фустан покриен со кристали

Читај повеќе