Австралија е првата земја во која Facebook и Google ќе плаќаат за вести

Австралија ќе стане првата земја што ќе бара од интернет компаниите да им плаќаат на медиумски куќи за новинската содржина.

Земјата ќе ги принуди технолошките гиганти како Facebook и Google да ги платат австралиските медиуми за објавените вести.

Овој принцип е според модел сличен на авторски права, а годинава ќе биде регулиран со закон, соопшти австралискиот министер за финансии, Џош Фрајденберг.

– Тоа би било чесно за работењето на австралиските медиуми. Треба да обезбедиме подобра конкуренција, подобра заштита на потрошувачите и одржливо медиумско опкружување. Се работи за иднината на австралискиот медиумски простор, додаде Фрајденберг.

Google соопшти дека регулативата ги игнорира „милијардите кликови“ што ги праќа до австралиските медиуми секоја година.

– Тоа испраќа загрижувачка порака до компаниите и инвеститорите дека австралиската Влада ќе интервенира наместо да го пушти пазарот сам да работи. Не прави ништо за да се справи со фундаменталните предизвици на создавање деловен модел погоден за дигитално време, изјави Мел Силва, извршен директор на Google за Австралија и Нов Зеланд.

Од Facebook сè уште нема одговор на барањето за коментар.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Интернет

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе