Австралија ги отстранува кинеските надзорни камери, стравува за националната безбедност

Австралиските власти имаат намера да ги отстранат сите камери за надзор од кинеско производство од нивните одбранбени објекти, поради загриженоста за националната безбедност.

Веста доаѓа откако беше откриено дека владините објекти користат повеќе од 900 парчиња опрема за надзор направена од кинеските компании Hikvision и Dahua.

Велика Британија и САД направија сличен потег минатата година, велејќи дека кинеската влада може да има пристап до податоците на уредот.

Од компанијата Hikvision тврдат дека стравот е неоснован, додека Dahua уште не се огласила.

Кинеските камери за надзор ги користат повеќе од 200 австралиски владини објекти и речиси во секое министерство, вклучително и за надворешни работи и канцеларијата на јавниот обвинител. Најмалку една камера е пронајдена во Министерството за одбрана, но засега не е познат вкупниот број на камери лоцирани на локации поврзани со одбраната.

Министерот за одбрана и вицепремиер Ричард Марлс денеска изјави дека владата ќе пронајде и отстрани камери од која било локација што има некаква врска со одбраната на земјата. Исто така, владата ќе размисли дали е неопходно да се отстранат кинеските камери и од други локации. Министерот за сајбер безбедност Џејмс Патерсон, кој повика на преглед, верува дека сите камери треба да се отстранат.

Сепак, Австралија нема начин да знае дали податоците собрани од камерите се споделуваат со кинеските разузнавачки служби. Сепак, кинескиот закон бара секоја организација и граѓанин да „поддржува, помага и соработува со државната разузнавачка служба“.

Сенаторот Патерсон тврди дека Австралија не треба да ги поддржува Hikvision и Dahua од „морални“ причини бидејќи тие наводно се директно вклучени во кршење на човековите права и масовно следење на Ујгурите во Сиѓијанг.

Од друга страна, Hikvision тврди дека не е во ред да да биде прикажувана како закана за националната безбедност. Компанијата тврди дека не може да пристапи до корисничките снимки и затоа не може да ги пренесе на трети лица.

реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Свет

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Очекуваниот животен век во ЕУ намален во 2021 година на 80,1, кај нас на 73,2 години

Read more

Кој всушност користи муниција со осиромашен ураниум и колку е таа опасна?

Read more

Украински командант најави контраофанзива

Read more
 

Вести

Спречен транспорт на дрога вредна 100.000 евра, претреси во Арачиново, приведени двајца дилери

Читај повеќе

Се прават анализи кои цени можат да се ограничат, без да има дисбаланс на пазарот

Читај повеќе

Поскапе патарината во Србија

Читај повеќе

При полициска акција на наплатна рампа кај Тетово запленето големо количество дрога

Читај повеќе

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски ја повика Бугарија да ги почитува пресудите на Судот за човекови права во Стразбур

Читај повеќе

Очекуваниот животен век во ЕУ намален во 2021 година на 80,1, кај нас на 73,2 години

Читај повеќе

УЈП: Апликацијата МојДДВ е прилагодена за скенирање до 2.100 денари

Читај повеќе

Кој всушност користи муниција со осиромашен ураниум и колку е таа опасна?

Читај повеќе