Австралија се молеше за дожд, сега ѝ се закануваат поплави

Австралија од септември се соочуваше со суша и страшни пожари кои беше тешко да се стават под контрола и се чинеше дека само дождови може да помогнат во справувањето со огнената стихија.

Громови и поројни дождови денеска погодија делови од источниот брег на Австралија, а поради поплавите затворени се одредени главни патни правци.

Во исто време, во делови од Австралија, каде не врне дожд, сѐ уште се активни 100 пожари во кои загинаа 29 луѓе, а уништени се повеќе од 2.500 домови, а опожарена е површина колку Германија.

Австралиските држави Викторија, Нов Јужен Велс и Квинсленд, кои најмногу беа погодени од сушата и пожарите сега се справуваат со поплави предизвикани од поројните дождови.

Во Квинсленд затворени се патишта, како и многу паркови и туристички атракции. Додека невремето во делови од Нов Јужен Велс предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија, а противпожарната служба соопшти дека поројниот дожд помогнал да се стават под контрола 75 пожари.

Во Викторија сѐ уште горат десетина пожари, но е анулирана наредбата за евакуација на жителите во планинскиот предел. И во таа сојузна држава дождот помогна во гаснење на пожарите, но се создаде густ чад, што би можел да влијае врз одржувањето на последното коло од тениските квалификациските натпревари на Австралија Опен.

Силите за одбрана на Нов Зеланд соопштија дека во Австралија се распоредува засилување од странски земји, а се очекува наскоро да се приклучат и специјалци од Јапонија и САД.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Свет

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Read more

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе