Австрија се противи на проширувањето на Шенген зоната со Хрватска, Бугарија и Романија

Австриското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека земјата се противи на укинување на проверките на границите на Бугарија, Хрватска и Романија, кои се членки на ЕУ, јави DPA, повикувајќи се на весникот Kurier.

Еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, неделава и официјално предложи трите земји да се вклучат во безвизната европска Шенген зона, во која нема гранични проверки.

– Сега, кога системот на надворешни граници не функционира, не е добро време да се гласа за проширување на Шенген зоната, изјави за весникот Kurier австрискиот министер за внатрешни работи, Герхард Карнер, кој доаѓа од конзервативната Австриска народна партија.

Австрија во моментов се соочува со зголемен број бегалци, кои пристигнуваат низ други земји на ЕУ по таканаречената Балканска маршрута за влез во земјата. Според податоците на австриското МВР, од почетокот на годинава до австриската граница стигнале над 90.000 лица. Од нив, 75.000 не биле претходно регистрирани во ниту една друга земја на ЕУ.

Гласањето за пристапување на трите земји во Шенген зоната е закажано за 8 декември. Одлуката мора да биде донесена едногласно.

Во Шенген зоната, која обединува 26 земји, во голема мера нема гранични проверки, а тоа им овозможува на луѓето да патуваат, работат и живеат во друга земја без визи или дозволи.

Бугарија, Романија, Хрватска, Ирска и Кипар се единствените земји од ЕУ кои не се дел од Шенген зоната, додека во зоната се земји кои не се членки на ЕУ, како Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Регион

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more
 

Вести

  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе