Австрија уште построго: Од 25 јануари сите мора да носат FFP2 маски

Австрија воведе построги правила за социјално дистанцирање и носење маски, а локдаунот е продолжен до 7 февруари. Себастијан Курц рече дека се надева дека ситуацијата ќе се врати во нормала до летото.

 

„Новите правила не прават никого среќен и сите се сè само не популарни, но сепак се неопходни, дури и ако на сите им е веќе преку глава“, рече Курц вчера.

Од 25 јануари, Австријците ќе мора да носат маски FFP2 (исто како KN95, N95 или P2 во другите делови на светот) во супермаркети, аптеки, бензински пумпи и на јавен превоз. Се смета дека маските FFP2 нудат подобра заштита од ширење на инфекции во воздухот отколку поевтините хируршки маски за еднократна употреба.

„FFP2 маските што во моментов се продаваат во аптеките ќе бидат достапни по пониска цена во супермаркетите“, изјави министерот за здравство Рудолф Аншобер.

Луѓето сега ќе треба да бидат оддалечени два метра, наместо еден метар.

Курц рече дека одлуката за воведување построги правила е донесена поради новиот вид на коронавирус откриен во Велика Британија кон крајот на минатата година, но и затоа што треба да се запре ширењето на коронавирусот.

Би било несовесно да се ублажат ограничувањата сега, рече Курц, изразувајќи надеж дека со кампањата за имунизација, Австрија ќе се врати во „целосно нормално“ налето.Веста за построгите правила дојде еден ден откако околу 10.000 луѓе, многумина без маски, маршираа низ Виена, протестирајќи против блокирањето.

Медицинските власти вчера регистрираа 1.267 нови случаи на COVID-19 во Австрија, од кои 281 во Виена.

Според владата, од почетокот на пандемијата досега имало 388.719 случаи и 7.082 смртни случаи од коронавирусот во земјата.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе