Автобусите ќе возат со 75% капацитет на седишта, превозниците задоволни

Компаниите за автобуски превоз АМЕРИТ и Транспорт ЛЕГИС ја поздравија одлуката на Владата да го прифати нивното барање за измените во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници, со што наместо исполнетост до 50 отсто, отсега се дозволува исполнетост најмногу до 75 проценти од вкупниот капацитет на возилата.

– Автобускиот превоз е од витално значење за општеството, бидејќи ја гарантира мобилноста на луѓето, пристапот до училиште, до работа и основни услуги за секого, а се основен начин на транспорт за најранливите категории на население, кои честопати се потпираат на колективен превоз за своите потреби за мобилност. Затоа, ја поздравуваме одлуката на Владата донесена вчера, на 80-тата седница, за прифаќање на измените во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници, со што наместо исполнетост до 50%, отсега во меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз е дозволено исполнетост најмногу до 75% од вкупниот капацитет на возилата, наведуваат од АМЕРИТ.

Од компанијата посочуваат дека ако патниците се фиксна група на луѓе, каков што е случајот со превоз на ученици и работници, се намалува потенцијалниот ризик од инфекција или натамошно ширење на вирусот, бидејќи, како што наведуваат, автобуските оператори имаат листа на патници, што значи дека во случај на болест, лесно може да се следи кој патувал во групата. Затоа сметаат, дека и училишниот превоз треба да се стави во функција, почитувајќи ги сите протоколи за заштита на здравјето на учениците.

– Во Македонија и во цела Европа, активноста на патничкиот транспорт дојде до огромен застој по воведувањето на строги мерки за ограничување на COVID-19. Компаниите пријавуваат намалување на активност од најмалку 90 проценти за меѓуградски, 100 отсто за туризам и 80 проценти за патнички превоз на барање, што значи, во економски аспект, приходите ќе бидат еднакви на нула, а загубите огромни. Апелираме Владата да го поддржи нашиот став и да донесе одлука за организирање на автобускиот превоз на ученици, а автобуските оператори да вршат редовно длабоко чистење и дезинфекција на транспортни возила и местата што ги допираат патниците (како што се уреди за билети, столбови, седишта и сл.), со специјални антибактериски средства за чистење бидејќи тоа во суштина ќе помогне да се намалат ризиците од инфекција. Возачите задолжително да носат заштитни маски и ракавици за еднократна употреба за време на патувањето, се наведува во соопштението од СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ.

И од Транспорт ЛЕГИС се приклучуваат кон ова барање, при што ги известуваат сите надлежни инстититуции, родителите и учениците дека се спремни да го обезбедат превозот на ученици за учебната година со почитување на сите заштитни мерки и протоколи.

Сепак, мерката на Владата за 50 отсто исполнетост ретко кој ја почитуваше. Во неколку наврати патници на социјалните мрежи се жалеа на 100 отсто исполнетост на автобусите, особено на овие на релација Охрид-Скопје, а пријавувале и во полиција.

Тагови
реклама

Патничките авиони ќе летаат како птиците во јато

Read more

Топ 5 новитети во iOS 14 за iPhone кои мора да ги пробате

Read more

Зошто одеднаш Израел почна да си подава рака со арапските земји?

Read more

Објавени првите подетални вести за состојбата на Михаел Шумахер

Read more

Македонија

Битиќи: Неблагодарно е јавните пари да се делат по етничка основа

Read more

Груби: Субвенциите за малцинските заедници во моментов е само дебата

Read more

Не стивнуваат реакциите на бугарскиот меморандум

Read more

Променливо облачно време со сончеви периоди

Read more

Вести

Рекордни 1.002 случаи на коронавирус регистрирани во Полска

Читај повеќе

Битиќи: Неблагодарно е јавните пари да се делат по етничка основа

Читај повеќе

Груби: Субвенциите за малцинските заедници во моментов е само дебата

Читај повеќе
  • play_arrow

Циклонот Јанос пустоши во Грција – двајца загинати, поплави и огромна штета

Читај повеќе
  • play_arrow

Почина најмоќната жена во САД, судијката Рут Бејдер Гинсбург

Читај повеќе

Не стивнуваат реакциите на бугарскиот меморандум

Читај повеќе

Променливо облачно време со сончеви периоди

Читај повеќе

Тачи го одликува Трамп со Орденот на слободата и го покани да го посети Косово

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто одеднаш Израел почна да си подава рака со арапските земји?

Читај повеќе