Автомобил удри во мечка кај Тетово – полесно повредени децата во возилото

Доцна синоќа на локалниот пат Тетово – Ноштено, автомобил удрил во млада мечка која го минувала патот заедно со една значително поголема мечка и уште две помали мечки.

Во возилото кое удрило во мечката се наоѓало локално семејство, татко, мајка и три мали деца. Од ударот сите биле под голем стрес а децата се здобиле со лесни повреди, информираат од Центарот за управување со кризи.

Мечката во која удрило возилото била повредена, на почетокот безмалку неподвижна а потоа со ограничени движења. Околу еден час подоцна, велат од ЦУК, почнала да се движи и постепено се оддалечила од местото на несреќата.

Се работи за урбана средина со повеќе куќи и голема раздвиженост на возила и луѓе поради што ЦУК доцна синоќа ги повика надлежните институции да ги презедат сите неопходни дејствија со кои ќе се гарантира безбедноста на граѓаните, но воедно ги повикуваа и невладините организации од оваа област да се вклучат и да предложат мерки и постапки со кои ќе им се помогне на повредената млада мечка како и на големата мечка со двете останати млади мечки.

Овој случај, како што велат од ЦУК, отвора многу прашања околу непрецизно дефинираните и испреплетени надлежности на институциите бидејки по несреќата ја разгледувале можноста повредената млада мечка (или мече) да биде успиена со опојно средство а потоа преместена и згрижена на соодветно место, како на пример ЗОО Скопје, каде би ѝ се пружила медицинска нега. Притоа до израз дошле повеќе формално-правни и функционални недостатоци, велат од Центарот за управување со кризи.

Видеоснимка е објавена на веб-изданието на Макфакс.

реклама

„Златна крвна група“ – ја имаат помалку од 50 луѓе во светот

Read more

4 намирници што го зајакнуваат имунитетот можат да го продолжат животот

Read more

Подгответе се за пролет: 5 парчиња што мора да ги имате во вашата гардероба

Read more

Излезе трејлер за филмот со жешката секс сцена на Елизабет Харли во режија на син ѝ

Read more

Македонија

Денеска без струја дел од Центар и Горно Нерези

Read more

Без вода делови од Општина Карпош

Read more

Времето претежно облачно со врнежи од дожд

Read more

ДНК: Собравме 80.000 евра за Лео, парите ги предадовме на тетка му

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Дојава за бомба на белградскиот аеродром Никола Тесла

Читај повеќе

Денеска без струја дел од Центар и Горно Нерези

Читај повеќе

Без вода делови од Општина Карпош

Читај повеќе

Времето претежно облачно со врнежи од дожд

Читај повеќе

ДНК: Собравме 80.000 евра за Лео, парите ги предадовме на тетка му

Читај повеќе

Малолетник од Скопје се обидел да убие друг малолетник на паркинг во Чаир

Читај повеќе

Собранието го донесе Законот за спорт

Читај повеќе

Ердоган им нуди на Русија и Украина мировни преговори во Турција

Читај повеќе

„Клинци“ со „Култура Бета“ по вторпат во Europe House Skopje

Читај повеќе