BMW повлекува стотици илјади автомобили 

BMW започна глобална акција за повлекување автомобили од неколку модели - засегнати се околу 575.000 возила, според весникот kfz-Betrieb.

BMW официјално не ја потврди бројката од 575.000, но соопшти дека станува збор за „средна шестцифрена бројка“, а во Германија биле засегнати 28.582 автомобили.

Според компанијата, за време на контролата на квалитетот, утврдено е дека по голем број стартувања на моторот, може да се појави зголемено абење на магнетниот прекинувач во стартерот. Како резултат на тоа, возилото може да има тешкотии при стартувањето, а во некои случаи може воопшто да не може да стартува.

Исто така, не може да се исклучи можноста за краток спој, што може да предизвика локално прегревање на стартерот.

„Во најлош случај, може да доведе до пожар на возилото при возење. Во таква ситуација, може да се забележи или почувствува чад при возење или при напуштање на возилото“, соопшти BMW, цитиран од германскиот весник Bild.

Затоа, компанијата препорачува да не се остава возилото без надзор со вклучен мотор.

Бројни серии опфатени со повлекувањето

Поточно, станува збор за модели од серијата 2 Coupe, одредени верзии од сериите 3, 4 и 5, потоа 6 Gran Turismo, седаните од серијата 7, како и моделите X4, X5, X6 и Z4.

Проблемот ги засега возилата со start reley произведени помеѓу јули 2020 и јули 2022 година.

Не е можно прецизно да се утврди точниот период на производство на самите автомобили, бидејќи стартерите биле складирани различно време пред инсталацијата. Покрај тоа, погодени биле и возилата на кои подоцна им бил вграден неисправен стартер за време на поправката.

Сопствениците може да проверат на официјалната веб-страница на BMW дали нивното возило е опфатено со повлекувањето со внесување на бројот на шасијата (VIN).

Тагови
реклама

Авто новости

Кои автомобили со бензински мотор трошат најмалку гориво?

Read more

Зошто BMW е поотпорен на кризата од другите германски автомобилски гиганти?

Read more

Зошто на електричните автомобили им се празни батеријата додека се паркирани?

Read more

Кога почнало да се мери од 0 до 100 км/час? 

Read more
 

Автомобили

Кои автомобили со бензински мотор трошат најмалку гориво?

Читај повеќе

Зошто BMW е поотпорен на кризата од другите германски автомобилски гиганти?

Читај повеќе

Зошто на електричните автомобили им се празни батеријата додека се паркирани?

Читај повеќе
  • filter

Автомобил на иднината: Renault со вграден алкотест

Читај повеќе

Кога почнало да се мери од 0 до 100 км/час? 

Читај повеќе
  • filter

Dacia го претстави Striker, кросовер со почетна цена од помалку од 25.000 евра

Читај повеќе

Драма во Volkswagen: Укинуваат 50.000 работни места

Читај повеќе

Совети за возачи: Како да го подготвите автомобилот за пролет?

Читај повеќе

Како безбедно да престигнете камион долг повеќе од 50 метри?

Читај повеќе