Дали знаете да ја користите модерната технологија во вашиот автомобил?

Возачите не ги разбираат технологиите како автоматско сопирање – еве зошто тоа е сериозен проблем.

Секој четврти возач е незадоволен од технологијата во новите автомобили. Конкретно, функциите како помош при задржување на возилото во лента и предупредување за возила во мртов агол на многу возачи повеќе им пречат отколку што им помагаат.

Многумина признаваат дека се чувствуваат несигурно кога ќе седнат зад воланот на нов автомобил. Студиите покажуваат дека повеќето возачи не разбираат како всушност функционираат напредните системи за асистенција при возење. Не знаат што се случува кога автомобилот сам ќе сопре или зошто воланот сам се исправува при промена на лента.

Новото истражување спроведено од британската организација DG Cities, кое го пренесува Autocar, открива дека дури 40% од возачите сметаат дека не добиле доволно информации за овие системи. Тука се вклучуваат асистенција при возење во лента, адаптивен темпомат и предупредување за мртов агол. Дополнителна отежнувачка околност е тоа што системите се разликуваат од бренд до бренд, што дополнително ги збунува возачите кога преминуваат од еден автомобил на друг.

Дури секој десетти возач не верува дека овие системи се прецизни – особено кога станува збор за автоматско сопирање во итни случаи и препознавање на сообраќајни знаци. Истражувачите предупредуваат дека ваквата несигурност може да има сериозни последици во сообраќајот.

Проблемот е во тоа што никој не е јасно задолжен за едукација на возачите за новите технологии. Автомобилските марки често овие системи не ги истакнуваат како важни продажни адути, што се пренесува и на продавачите, кои ретко ги спомнуваат за време на продажбата.

Тоа доведува до тоа многу возачи првпат да се сретнат со функциите на автомобилот дури кога тие неочекувано ќе се активираат за време на возењето – што често резултира со непријатни, а понекогаш и опасни ситуации на патот.

реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром

Read more

16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје

Read more

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Read more

Авто новости

Ford го претстави Mustang Dark Horse SC

Read more

Euro NCAP потврди: Новиот Mercedes-Benz CLA е најбезбедниот автомобил за 2025 година

Read more

Од денеска ќе се вози со 30 км/час во центарот на Рим

Read more

Првиот BMW M3 „на струја“ ќе има четири електрични мотори

Read more
 

Автомобили

Ford го претстави Mustang Dark Horse SC

Читај повеќе
  • play_arrow

Euro NCAP потврди: Новиот Mercedes-Benz CLA е најбезбедниот автомобил за 2025 година

Читај повеќе

Од денеска ќе се вози со 30 км/час во центарот на Рим

Читај повеќе
  • filter

Првиот BMW M3 „на струја“ ќе има четири електрични мотори

Читај повеќе

Mercedes бележи голем пад на продажбата

Читај повеќе

Колку гориво навистина заштедува системот старт-стоп?

Читај повеќе

Кои беа најпродаваните автомобили во Германија во 2025 година?

Читај повеќе

Новиот Volvo EX60 со седум седишта пристигнува со досег од 810 км

Читај повеќе

Како солта влијае на нашите автомобили и на самото возење?

Читај повеќе