Дизелашите „на старо“ се повредни од кога било

На купувачите им снемува избор, бидејќи производителите сè повеќе ги отстрануваат дизел моторите од својата понуда.

Возачите сè потешко можат да купат нови автомобили со дизел мотори, бидејќи автомобилската индустрија одлучи постепено да го укине овој вид „валкано“ гориво.

Анализите на пазарот покажуваат дека речиси половина од големите производители веќе целосно ги исфрлиле дизел агрегатите од својата понуда. Тоа јасно се гледа и во статистиките за регистрација. На пример, во Велика Британија, само едно од 18 нови возила продадени во 2025 година до крајот на април било со дизел мотор – што е пад од 13% во однос на истиот период претходната година. Сличен тренд е присутен низ целата ЕУ.

Сепак, пазарот на половни автомобили во Велика Британија дава сосема поинаква слика: дизелашите и понатаму се многу барани, поради нивната економичност и ниската потрошувачка на гориво на подолги релации. Најголемиот британски продавач на половни автомобили наведува дека просечната вредност на половните дизели пораснала за 1,6% во претходните 12 месеци – повеќе отколку кај кој било друг вид погон.

Понудата на нови дизел автомобили опаднала за дури 68% за помалку од десет години, покажува анализата на Car Gurus. Истражувањето покажало дека кај 30-те најпопуларни производители има само 65 дизел опции. За споредба, во 2015 година на британскиот пазар имало дури 202 различни дизел модели, а дизелите сочинувале половина од сите новорегистрирани возила.

Многу големи брендови целосно се откажаа од дизелот. Opel, на пример, во 2015 година нудеше осум различни модели со дизел мотор, а денес ниеден. Toyota од седум модели падна на нула, исто како и Volvo, Hyundai, Fiat, Nissan и Honda. Mini исто така ги укина сите дизел варијанти. Ford ја намали понудата од 13 на само две дизел опции, додека Peugeot падна од 11 на само неколку. Kia и Renault, некогаш богати со дизел понуда, сега нудат само по еден модел.

Резултатот – во 2024 година во Британија се продадени 123.104 нови дизела, што е само десетти дел од продажбата на овие автомобили во споредба со резултатите од пред една деценија. Затоа не чуди што цените на половните дизели растат, бидејќи тешко е да се убеди некој да се откаже од дизел ако ги знае неговите предности.

Кога станува збор за половните автомобили, од вкупно 7,6 милиони половни автомобили што во 2024 година смениле сопственик, дури 2,7 милиони биле дизели – односно 35% од сите трансакции. Една година претходно, тој удел бил уште поголем и изнесувал 38% од вкупно 7,2 милиони возила.

реклама

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила ја силувале во напуштен објект во Струга

Read more

Анализа на трошоците: Кои автомобили се најскапи за одржување?

Read more

Северина падна на концерт: Се сопна танцувајќи и прсна во смеа

Read more

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Read more

Авто новости

Кои електрични автомобили и plug-in хибриди имаат најдобри батерии?

Read more

Анализа на трошоците: Кои автомобили се најскапи за одржување?

Read more

Возачи, внимателно: На што треба да обрнете внимание кога возите на дожд?

Read more

Mazda има нов идентитет: Дали ќе остане препознатлива?

Read more
 

Автомобили

Кои електрични автомобили и plug-in хибриди имаат најдобри батерии?

Читај повеќе

Анализа на трошоците: Кои автомобили се најскапи за одржување?

Читај повеќе

Возачи, внимателно: На што треба да обрнете внимание кога возите на дожд?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новото Peugeot 208?

Читај повеќе
  • filter

Mazda има нов идентитет: Дали ќе остане препознатлива?

Читај повеќе
  • filter

Новиот Volkswagen „на струја“ е вистинско изненадување

Читај повеќе
  • filter

SEAT ги претстави новите Ibiza и Arona: Освежен дизајн, напреден ентериер и уште поголема вредност

Читај повеќе

Какви гуми треба да ставите на вашиот електричен автомобил?

Читај повеќе
  • filter

Познати финалистите за Автомобил на годината 2026: Кој е вашиот фаворит?

Читај повеќе