Избран најдобриот светски автомобил за 2025 година

Доделени се наградите за Светски автомобил на годината за 2025 година - погледнете кои се сите победници во различните категории.

Kia EV3 беше прогласен за Најдобар автомобил во светот во 2025 година, оставајќи ги зад себе BMW X3 и Hyundai Inster.

Ова е втора последователна награда за најдобар автомобил во светот за корејскиот производител, а воедно е нова потврда за квалитетот на EV3, кој го освои второто место во изборот за Европски автомобил на годината.

Што се однесува до останатите категории, Hyundai Inster беше прогласен за Најдобро електрично возило.

Hyundai Inster

BYD Seagull победи во категоријата Најдобар градски автомобил. Автомобилот, кој, како и Inster, припаѓа на сегментот А, е долг 3.780 mm, а во Кина чини нешто повеќе од 10.000 евра.

BYD Seagull

Наградата за Најдобар дизајн на автомобил за 2025 година отиде кај Volkswagen ID.Buzz. Ова е прилично збунувачки, бидејќи електричното комбе не е ново, туку е на пазарот веќе неколку години. Во финалето ги надмина новите Toyota Land Cruiser и Kia EV3.

Volkswagen ID.Buzz

Наградата Светски луксузен автомобил на годината ја доби Volvo EX90, голем електричен SUV со седум седишта.

Volvo EX90

Единствениот автомобил што освои награда во годинашниот избор, а кој не е целосно електричен, е Porsche 911 GTS, кој беше прогласен за Најдобар спортски автомобил 2025, според Autostart. Имено, тоа е првиот хибриден 911 со комбинирана моќност од 539 КС.

Porsche 911 GTS
реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Научниците открија дека всушност постои нешто побрзо од светлината

Read more

Утре променливо облачно со сончеви периоди, во наредните денови со услови за слаб дожд

Read more

Поточарка: Поздрава од брокула и спанаќ, а ретко кој ја јаде

Read more

Авто новости

Tesla работи на помал, поевтин електричен SUV

Read more

Голем пресврт во Германија: Електричните автомобили ги надминаа бензинците

Read more

Дали ќе поевтинат автомобилите?

Read more

Дали Mazda ја заборави Европа?

Read more
 

Автомобили

Tesla работи на помал, поевтин електричен SUV

Читај повеќе

Голем пресврт во Германија: Електричните автомобили ги надминаа бензинците

Читај повеќе

Дали ќе поевтинат автомобилите?

Читај повеќе

Дали Mazda ја заборави Европа?

Читај повеќе

Рекордни залихи на непродадени автомобили Tesla

Читај повеќе

Зошто малите автомобили имаат брзинометар до 220 км/час кога едвај одат до 160?

Читај повеќе
  • filter

Враќање на легендата: Русите ја „воскреснаа“ Volga

Читај повеќе
  • play_arrow

Возачите се жалат, стануваат заложници на сервисирање: Зошто автомобилите намерно стануваат прескапи за одржување?

Читај повеќе

Илон Маск пресуди: Крај за Tesla Model S и Model X

Читај повеќе